НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скап принт од отчетот на Жерновски – неопходност или популизам

0
By Нова ТВ on June 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во општина Центар утрово беа собрани десетина новинарски екипи. Фотоапаратите и камерите беа тука за да го пренесат отчетот на градоначалникот на скопската општина Центар кој што го сумира неговиот 4 годишен мандат. Тој ги претставуваше своите успеси и одговараше на сите новинарски прашања. Ги наброја реконструираните фасади, градинки и училишта, но и притисоците од централната власт со кои што општината непрестајно се соочуваше од самите почетоци.

Но она денеска што остави впечаток беше скапо изработената книга која на речиси 240 страници во боја се испечатени достигнувањата на оваа општинска администрација водена од градоначалникот Андреј Жерновски. Во отчетот, испечатен во 10.000 примероци во боја, може да се видат текстови и фотографии од сите настани и завршени работи во општината. На речиси секоја страница е лицето на градоначалникот, во градинки, на улици, на сечења ленти, фрлање лопати.

За отчетот потрошени 32.000 евра

Првото прашање што му го поставивме на градоначалникот Жерновски, откако заврши со образложувањето на проектите е колку пари чинеше печатењето на отчетот и во колку примероци е испечатен.

„Испечатен е во 10.000 примероци и ќе се погрижиме да стигне барем по еден од овие примероци барем во секое семејство. За сумата не сум точно сигурен и ќе мора да проверам“, ни одговори тој.

Откако заврши средбата со новинарите, портпаролката на општината телефонски ни кажа дека печатењето на отчетот чинело 1.986.172 денари или 32.295 евра. По кратко пребарување на системот за јавни набавки, најдовме оглас кој Општината Центар го склучила со фирмата „Арт принт студио“ во вредност од три милиони денари, што значи оваа фирма за општината печатела и други репрезентативни материјали во вредност од милион денари. „Арт принт студио“ е компанија во сопственост на еден од поранешните директори на компанијата „Виста Процесинг“, фирма чии соптвеници се поврзуваа со големиот скандал кој ги обележа политичките почетоци на Никола Груевски – аферата „Национална платежна картичка“.

 

Отчетите – еден од симболите на популизам на ВМРО-ДПМНЕ

Власта на Никола Груевски меѓу другите работи ќе остане запаметена и по скапите реклами и отчети кои ги правеше за работата на владата и нивната партија. Челниците на оваа партија често беа критикувани дека народните пари ги трошеле за да се промовираат себе и партијата од која доаѓаат, а дека граѓаните не биле прашани дали сакаат нивните пари да бидат потрошени на скапи реклами. Своите отчети министрите на ВМРО-ДПМНЕ редовно ги делеа пред секои престојни избори, но и во првите 100 дена од работењето. Овие потези беа оценувани како популистички, но често се покренуваа и прашањата за злоупотреба на државни ресурси во кампања. Администрацијата на Груевски вешто ги користише, според многумина намерно оставените дупки во законите кои регулираат што е злоупотреба на ресурси во тек на кампања, но не и непосредно пред кампањата.

„Има елементи на злоупотреба. Секако дека некаков отчет треба да даде, но дали тоа треба да биде скапо и тој да биде на секоја слика во отчетот е дискутабилно. Јас не можам да му замерам што направил отчет и што сакал да покаже дека и единствената опозициска општина нешто сработила, но сепак тоа може да го стори на некој друг начин, како на пример специјален веб сајт и слично. Тоа е тоа сива зона која излегува од границите на политичката пристојност, особено скапите отчети се нешто што Жерновски го критикуваше кога тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, вели политикологот и комуниколог Петар Арсовски.

НОВАТВ се обиде да разговара со многу експерти за корупција, но сите кои ги контактиравме не сакаа да се вклучат во критики на градоначалникот.

 

 

Андреј Жерновски Арт принт студио градоначалник Општина Центар отчет примероци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.