НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Веле Смилевски стана член на руската Академија

0
By Нова ТВ on June 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поетот, литературен критичар и универзитетски професор Д-р Веле Смилевски е избран за член на руската Академија на науките и уметностите.

Во одлуката на руската академија на науките и уметностите, потпишана од претседателот на академијата, проф. д-р Виктор Никеров, се наведува дека изборот е извршен врз основа на “достигнувањата и заслугите во областа на литературата и уметничката критика, како и за придонесот на Веле Смилевски во развивањето на македонско-руските културни врски”.

Веле Смилевски бил руски стипендист на универзитетот Ломоносов во Москва. Предмет на неговите истражувања биле методите на руската формалистичка школа, оригиналните ракописи од заоставнината на македонскиот поет Рајко Жинзифов, како и темата Македонија во делото на познатиот руски публицист, научник и политичар Павел Миљуков. учествувал на меѓународните научни конференции посветени на руската литература, одржани во Москва, Охрид и Софија.

Веле Смилевски е добитник на орденот “Сергеј Есенин” што го доделува московската организација на Сојузот на писателите на Русија.

Ова признание македонскиот поет го доби за стихозбирката “Забранета книга”, објавена на руски јазик во издание на издавачката куќа “У никитих ворот” од Москва.

Стихозбирката “Забранета книга” на руски се појави минатата година во препев на Олга Панкина, а со предговор на академик Ала Шешкен.

Веле Смилевски е татко на проминентниот писател Гоце Смилевски кој за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија.

Правата за објавување на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ се откупени од издавачи од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Бразил, Холандија, Србија, Хрватска, Бугарија, Израел, Унгарија, Норвешка, Данска, Турција, Словенија и Чешка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.