НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај на роамингот во ЕУ но не и на Балканот

0
By Светлана Јовановска on June 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цели 8 години траеше битката на Европската комисија (ЕК) со телефонските оператори за укинување на роаминг трошокот (трошок што се плаќа кога сте во странство и го користите мобилниот телефон за повици и интернет). Од денес, и на прагот на годишните одмори, ЕК може да се пофали дека ја добила најголемата битка но не и целата војна.

Денес официјално стапува на сила укинувањето на роамингот за сите корисници на мобилни телефони во земјите на ЕУ. За жал, тоа не се однесува за македонските корисници кои и понатаму ќе плаќаат поскапи сметки кога се во странство.

Ова ќе и, дозволи на Европјаните да ги користат мобилните телефони како да се дома. Но со одредени лимити.

Така на пример, ако еден Хрват е во Белгија и сака да телефонира во било која друга земја на ЕУ, ќе плати исто како да бил дома и се јавувал на хрватски телефон. Сепак, ако истиот Хрват од Хрватска се јавува на белгиски пријател, нема да има корист од ова укинување, односно ќе плаќа како и досега за меѓународни повици.

Преговори на ЕК со телефонските оператори траеја долго. Европските мобилни оператори долго не сакаа да чујат да загубат голем дел од нивните приходи со укинување на роамингот. Во 2012 година на пример трошоците на роаминг во ЕУ им донесоа на операторите 4.7 милијарди евра. Со текот на времето и на инсистирање на ЕК оваа сума се намалуваше.

Сепак, дури 36 европски оператори решиja да не ги послушаат советите на ЕК и ќе продолжат да го наплаќаат роамингот. Кај нив цената на роамингот е сведена на минимум и најавуваат дека мерката ќе биде само привремена и дека наскоро и тие ќе им се придружат на оние кои го укинуваат роамингот.

“Операторите имаа две години за да се подготват за крај на роамингот и се надеваме дека ќе ја искористат оваа шанса со примена на новите правила за да ги задоволат нивните корисници”, изјавија вчера во заедничко соопштение претседателите на Европскиот парламент Антонио Тајани, на ЕК Жан-Клон Јункер и претседавачот со ЕУ премиерот на Малта Џозеф Мускат.

Европските мобилни оператори ги предупредуваат нивните корисници нема да можат да ја користат оваа привилегија доколку патуваат во Македонија, Албанија и било која балканска земја. Укинувањето на роамингот не се однесува на нас Балканците.

Европскиот парламент најавува дека борбата со операторите ќе продолжи а крајната цел е целосно и тотално укинување на роамингот и на трошоците за меѓународни повици во целата ЕУ.

60 години ЕУ роаминг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.