Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанската иницијатива 5 до12 на средба со министерката Мила Царовска

0
By Нова ТВ on June 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 20, 2017 15:51

Граѓанската иницијатива  5 до 12 денеска се сретна со Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Како што соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика, од средбата произлегле конкретни барања кои веднаш може да бидат имплементирани, додека за останатите ќе треба да се направат анализи на буџетските импликации, а потоа да бидат преточени во законски измени.

Претставниците на граѓанската иницијатива и Царовска се договориле да се формира работна група од претставници на министерството, на иницијативата, на Ресурсен центар, Советот на национални организации, претставник на Координативното тело за изедначување на правата на лицата со попреченост и Хелсиншкиот Комитет. Мониторинг на целиот процес ќе биде повикан Народниот правобранител.

Од Министерството информираат дека по извршените анализи во работната група ќе бидат ставени неколку предлози.

  • Укинување на границата од 26 години за користење на правото за скратено работно време на родителите кои имаат деца со попреченост;
  • Ќе се разгледа воведениот материјален цензус за користење на правата на помош и нега, мобилност , слепило и глувост;
  • Ќе се разгледа можноста за поголема професионализација на првостепената комисија за нега и помош од друго лица, истата технички и кадровски да се доекипира, и истата да може да ги спроведува увидите во домот на корисникот. Исто така, Конзилијарните комисии од прв степен за ова право да бидат укинати за да се намалат административните процедури за оваа категорија на граѓани;
  • Ќе се преоценат програмите за работа на дневните центри за деца со попреченост на територија на Република Македонија. Од страна на МТСП веќе се побарани податоците од сите центри во државата, со поддршка на УНИЦЕФ. Изготвена е анализа за алтернативните форми на згрижување, и согласно со препораките и забелешките во наредниот период ќе се преземат соодветни чекори во насока на доекипирање на центрите, овозможување на соодветни едукации и слично.
  • Ќе се провери неспровдувањето на Законот за Националната база на податоци за лица со инвалидност донесен во август 2015 година; односно за почеток е договорено са се создаде регистар на лица со попреченост преку вмрежување на податоци од постојните системи, како што е Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигирување, Агенцијата за вработување и ресурсниот центар на родители кои што имаат деца со посебни потреби,
  • Со МИОА ќе се провери до каде се постапките веб страните на сите државни органи да бидат пристапни за лицата со попреченост.

Граѓанската иницијатива најави дека од денеска до 22 повторно ќе кампуваат во паркот Жена Борец, спроти Собранието.

Граѓанска иницијатива 5 до 12 Жена парк камп шатори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.