Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Куп на конфедерации: Елиминација на Русија, нов рекорд на Роналдо

0
By Нова ТВ on June 24, 2017 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 24, 2017 22:33

Елиминацијата на Русија и новото рекордно постигнување на Кристијано Роналдо го одбележаа последното трето коло во групата А на Купот на конфедерации. На „зборнаја“ во Казањ ѝ пресуди Мексико кој славеше со 2:1 во директниот дуел за втората позиција на табелата.

Домашната репрезентација поведе во 25 минута со погодокот на Самедов, само пет минути подоцна израмни Арухо кому во листата на стрелци во 52 минута му се придружи и соиграчот Лозано. Русите во последните половина час од натпреварот играа без исклучениот Жирков.

Португалија во вториот меч во групата, според очекувањата, го совлада Нов Зеланд со 4:0 со головите на Роналдо во 33 минута од пенал, на Бернардо Силва во 37., на Андре Силва во 80. и на Нани во првата од судиското надополнување.

Португалскиот капитен по 60 пат погоди во меѓународни средби од натпреварувачки карактер што досега не му успеало никому во историјата на фудбалската игра.

Утре се играат мечевите од последното коло во групата Б по што ќе бидат познати и полуфиналните двојки. Германија за противник го има Камерун, а Чиле ќе игра со Австралија. Чилеанците и Германците имаат по четири бода, Камерунците и Авсралијците по еден.

Куп на конфедерации 2017

Група А, 3 коло

Нов Зеланд – Португалија 0:4

Мексико – Русија 2:1

Табела: Португалија 7, Мексико 7, Русија 3, Нов Зеланд 0.

Кристијано Роналдо Куп на конфедерации рекорд Русија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.