Седницата на Советот на јавни обвинители, на која требаше да се расправа за случаите „Пуч“ и „Сопот“ е одложена за в четрвток.
Причината за одложување на седницата не се соопштува.
СЈО неколку пати бараше да му биде предаден случајот „Сопот“, за кој соопштија дека имаат докази и дека клучниот сведок бил подложен на тортура. Во случајот беа осудени 11 жители на Сопот, кои беа обвинети дека поставиле мина од која загинаа двајца полски војници.
СЈО воспостави надлежност за случајот „Пуч“, но претседателот на Советот, Петар Аневски не го ставаше на дневен ред отстапувањето на доказите на СЈО. Случајот беше повлечен во јануари од страна на СЈО, бидејќи во истрагата за „Тврдина“ се појавиле докази кои биле спротивни на процесот за „Пуч“, во кој обвинет беше и премиерот Зоран Заев.