НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФИА прогледа низ прсти: Фетел куртули од казна за инцидентот во Баку

0
By Нова ТВ on July 4, 2017 СПОРТ
Фото: sport360.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Себастијан Фетел се спаси од дополнителна санкција за инцидентот со Луис Хамилтон за време на ГН на Азербејџан што се возеше на 25 јуни во Баку во рамки на Формула 1 шампионатот. Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) прогледа низ прсти и реши да не презема дополнителни мерки и да остане на десетте казнени секунди што Германецот ги доби за намерниот судир со болидот на Британецот додека безбедносното возило сè уште беше на патеката.

Пилотот на Ферари, пак, го обвини колегата од Мерцедес за намерно кочење и тестирање на сопирачките на него. Но, податоците од болидот на Хамилтон, сепак, не укажуваат на негово невообичаено однесување.

Во соопштението на ФИА се наведува дека „прифаќањето на целосната одговорност на Фетел за настанот и искреното извинување до Федерацијата и светското автомобилистичко семејство“ се земаат како олеснителна околност за „помилувањето“. Четирикратниот светски првак јавно се извини за стореното дело и прифати да учествува во серија едукативни активности во текот на сезоната.

Германецот, меѓутоа, доби предупредување дека ќе заврши пред Меѓународниот суд на ФИА во случај на повторување на таквото однесување. Хамилтон за време на трката и по неа изрази незадоволство од казната од 10 секунди и делото на Фетел го нарече „одвратно“, „срамно“ и „опасно“.

Лидер во генералниот пласман е Фетел кој по ова ќе остане на плус 14 бода од Хамилтон. Наредната трка во Формула 1 сезоната ќе се вози за ГН на Австрија на 9 јули.

ГН на Азербејџан Инцидент Себастијан Фетел ФИА Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.