Серена Вилијамс, се чини, повлече нога со настапот на Австралија опен во бремена состојба, а по нејзините стапки тргна и Манди Минела. Луксембуршката тенисерка загуби во првото коло на Вимблдон од Франческа Скијавоне со 1:6, 1:6 и по мечот призна дека е трудна веќе 4,5 месеци што, сепак, не ѝ пречеше во носење на одлуката да заигра во комплексот на All Englang Club во Лондон.

Минела во ноември ќе го прослави 32 роденден што значи дека нејзината кариера полека ќе паѓа во втор план во годините што следуваат и обврските што надоаѓаат. Но, сè уште не ѝ паѓа на памет да прогласи пауза бидејќи на Вимблдон ќе учествува и во двојки заедно со Летонката Анастасија Севастова.
Серена Вилијамс, пак, е влезена во последното тримесечје на бременоста. Периодот за нејзино породување е кон крајот на август, но Американката не е излезена од тренажен процес и се подготвува за кам-бек на тениските терени во 2018 година. Според најавите, таа ќе се обиде уште во јануари во Мелбурн да ја одбрани титулата.