НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талат Џафери ја откажа денешната собраниска седница

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ден по формирањето на десет пратенички групи на ВМРО, Собранието денеска нема да ја продолжи седницата на чиј дневен ред како втора точка е разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски. Иако беше закажана, спикерот Талат Џафери ја откажа седницата, за да ја најави за понедлник во 11 часот.

Кога Зврлевски ќе дојде на дневен ред никој не може да предвиди. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги расцепка пратениците во 10 пратенички групи со што доби во време и можност во недоглед да се одоговлекуваат дискусиите во Собранието. Според Деловникот, координаторите на пратеничките групи имаат право на дискусија од 15 минути и да побараат процедурална забелешка уште 3 минути.

Координатори на пратеничките групи се: Илија Димовски, Антонио Милошевски, Зоран Илиовски, Владанка Авировиќ, Даниела Рангелова, Панчо Минов, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Благица Ласовска и Драган Цуклев.

Од ВМРО-ДПМНЕ се пријавени за збор за точката на дневен ред каде треба да се дискутира околу давање дозвола на Народниот правобранител Иџет Мемети можност сам да вработува, неврзан со законите за јавна и државната администрација.

Ако се земе во предвид дека секој од пријавените пратеници има право и на реплики и процедурални забелешки гласањето за разрешувањето на Зврлевски може да се одолговлечи и да се случи во текот идната недела.

Формирањето на 10 пратенички групи е класична блокада на собранието, обвинуваат од СДСМ. Координаторот Томислав Тунтев на прес конференција рече дека парламентарното мнозинство ќе ги преземе сите деловнички мерки со цел да се спречи ваквото однесување и најави промена на деловникот.

Досега ниту една пратеничка група или коалиција немала толкав број пратенички групи. Во 2006 та СДСМ имаше 6 пратенички групи.

ВМРО-ДПМНЕ Марко Зврлевски пратенички групи Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.