Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕиас и Нимиц ќе се сретнат во понеделник во Брисел

0
By Светлана Јовановска on July 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 14, 2017 14:37

Во понеделник во Брисел ќе се сретнат грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и Метју Нимиц, медијаторот на Обединетите Нации за спорот со името. Средбата ќе се одржи на маргините на Советот на шефовите на европските дипломатии.

Нимиц беше во Скопје пред една недела и се сретна со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Но од Скопје не замина за Атина на средба со тамошните власти како што тоа досега беше пракса.

Вчера од Солун грчкиот премиер Алексис Ципрас, по средбата со бугарскиот колега Бојко Борисов и српскиот премиер Александар Вучиќ, ја најави оваа средба:

“Најлошото што може да се служи за сите нас е да имаме константно дестабилизирана земја на Балканот. Затоа, од првиот момент презедовме иницијативи за стабилност и градење на доверба (…) министерот за надворешни работи ќе има контакти со Метју Нимиц додека министрите на двете земји имаат интензивни разговори”, подвлече грчкиот премиер.

Во вторник, 18 јули, во Брисел се одржува Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Македонија. Средбата ќе ја водат шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, до неа ќе биде комесарот за проширување Јоханес Хан а македонската делегација ќе ја води Димитров.

Министерот Димитров во понеделник пристигнува во Брисел но засега нема најави за можна средба со грчкиот колега Коѕиас. Двајцата министри се сретнаа во Атина на 14 јуни.

Брисел Метју Нимиц Никола Димитров Никос Коѕиас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.