Леонардо Бонучи имаше добро добредојде во Милано. Илјадници фанови на „росонерите“ се собраа пред клупските простории да го поздрават репрезентативецот на Италија кој по успешно завршените лекарски прегледи и преговори се обврза на четиригодишна верност кон тимот од „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми пишуваат дека Милан му платил на Јувентус 40 милиони евра за услугите на одличниот стопер, еден од најдобрите во Европа на позицијата на која игра, и дополнителни два милиона како бонуси.
Бонучи ќе има фиксна годишна плата од 7,5 милиони евра плус бонуси во висина од два милиона евра што ќе стојат на располагање. Ако успее да ги исполни условите, тогаш ќе заработува 10 милиони по сезона со што ќе биде најплатен фудбалер во Серија А. Со параф на договорот, тој е 11 играч во историјата што ќе настапува за Интер, Милан и Јувентус по Луиџи Кевенини, Џузепе Меаца, Енрико Кандијани, Алдо Серена, Роберто Баџо, Едгар Давидс, Кристијан Виери, Патрик Виеира, Златан Ибрахимовиќ и Андреа Пирло.
https://www.youtube.com/watch?v=NAB9iW_bh8k