НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мнозинството и опозицијата во несогласување за ребалансот на Буџетот

0
By Нова ТВ on August 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Расправата за ребалансот на Буџетот, како и по обичај, ги скара пратениците ов парламентарното мнозинство и опозицијата во Собранието на Република Македонија.

Според опоизициските пратеници, Буџетот бил масакриран Буџет, се крателе капитални инвестиции, се кратело во образованието, здравството, полицијата, армијата и други гранки.

Но според министерот за финансии Драган Тевдвовски, средствата од Буџетот биле насочени кон реални потреби а се кратело од непотребните ставки за кои трошела претходната влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ.

– Не е точно дека капиталните инвестици се кратат, туку напротив, се реално поставени. Во Буџетот годинава биле предвидени 27 милијарди денари за капитални инвестиции, а со ребалансот се сведени на 23,4 милијарди. Тоа не е кратење, туку оптимистичко проектирање зашто реализацијата лани била 16,9 милијарди денари. Ниту една година капиталните инвестиции не достигнале 19 милијарди денари, а сега се поставени пет милијарди повиско. Тоа вам треба да ви биде јасно зашто секој буџет од глобалната криза наваму, бил лажно проектиран кај капиталните инвестиции, се продаваше приказна дека наводно има некаков развој, реплицираше Тевдовски.

Во првите шест месеци од 2017-та, додаде, реализацијата на капиталните инвестиции е 8,7 милијарди денари, а со ребалансот за следните шест се проектирани капитални инвестиции во износ колку реализацијата во цела 2016 година што воопшто не е кратење, туку дури и оптимистичко проектирање.

Нему му опонираше Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија која се осврна дека се кратело на средства во образованието и социјалата, што според неа е недозволиво.

– Вршите кратења на капитални инвестиции, а ги зголемувате непотребните трошења. Вршите нови, непродуктивни вработувања, а прекинати се обнови, реконструкции на училишта и зголемувања на капацитети на градинки, а тоа се всушност капитални проекти, кои брзо се реализраат и се веќе почнати. Времето ќе покаже дека сепак ќе треба да се определат пари за нивно завршување. Не може децата да трпат, тие се нашата иднина, рече Авировиќ.

Сашко Поцков ги праша пратениците да кажат со каков кредибилитет зборуваат и обвинуваат за капитални инвестиции кога изминатите години, проектираното било реализирано во многу мал процент, а била испуштена и можност за искористување 69 милиони евра од ИПА за изградба на Коридорот 8.

– Опозицијата е во паника зашто СДСМ два месеца е на власт и одговорно се однесува. Оттука, наместо ребалансот да биде обично техничко прашање, го издигнува како клучно политичко, рече од партиската говорница Поцков.

Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ на своите колеги од парламентарното мнозинство им нагласи дека не постои економист што ќе го оправда кратењето на капиталните инвестиции, особено ако тоа се прави за сметка на обезбедување средства за нови, како што рече, непродуктивни вработувања.

– Нема воопшто јавни набавки, деновите и месеци врват, а треба да создавате нови добра и вредности. Сите капитални инвестиции ги имате стопирано заради ревизија, но во општеството ништо не се создава, потенцираше пратеникот Мукоски.

Расправата е се уште во тек а ќе продолжи и утре.

буџет опозиција парламентарно мнозинство ребаланс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.