НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов тест за кошаркарите за СП 2019: Триумф над Естонија како императив

0
By Нова ТВ on August 5, 2017 СПОРТ
Фото: mkf.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва ќе биде под победнички императив против Естонија во вториот настап во групата Ц во претквалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година. Двата бода се единствена опција за составот на Јорданчо Давитков за поправање на впечатокот по стартниот пораз во циклусот од Косово.

„Мора да одиграме максимално цврсто и агресивно во одбрана, да бидеме концентрирани во транзиција во обид да победиме. Друг избор немаме. Се надевам дека играчите ја сфатија сериозноста на ситуацијата“, истакна селекторот Давитков.

Покрај кревање на атмосферата по бледото издание, особено во првото полувреме, во Приштина, стручниот штаб во изминатите денови работеше на скаутинг на ривалот од Балтикот. Добрите и слаби страни на Естонците се воочени и предочени, па преостанува и кошаркарите да ги пресликаат добиените насоки на терен.

„Естонија е селекција што игра агресивна кошарка. Речиси сите играчи во ростерот се силни. Играат цврсто во текот на сите 40 минути, доста се подвижни и многу трчаат. Имаат и одлични шутери кои се извлекуваат и шутираат. Ќе биде тешко, но се надевам дека успешно ќе одговориме“, вели предводникот на македонскиот национален тим.

Мечот во „ВИП арена“ при спортскиот центар „Борис Трајковски“ почнува во 20,30 часот.

Претквалификации за СП 2019

Група А

Ерменија – Шведска (18 ч.)

БиХ – Словачка (20 ч.)

Група Б

Австрија – Холандија (19,30 ч.)

Група Ц

Македонија – Естонија (20,30 ч.)

Група Д

Бугарија – Белорусија (17 ч.)

Естонија Јорданчо Давитков кошарка Македонија Претквалификации за СП 2019
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.