Арсенал триумфира во годинашното издание на англискиот Суперкуп или популарниот „Комјунити шилд“. Победникот на „Вембли“ беше одлучен на пенали (1:4) што се изведуваа по системот АББА (1-2-2-2-2-1), откако мечот во основните 90 минути заврши 1:1.
Актуелниот шампион во Премиерлигата поведе во 46 минута преку Виктор Мозес, стрелец за екипата од „Емирати“ беше Сеад Колашинац во 82 минута. Израмнувачкиот гол на интернационалецот од БиХ дојде по само една минута од црвениот картон што го доби Педро за стартот со две нозе врз Елнени.
Волкот, Монреал, Чембрлен и Монреал беа прецизни пеналџии во составот на Арсен Венгер додека единствениот за поразената екипа го постигна Гери Кејхил. Меѓу изведувачите за „сините“ беа и Тибо Куртоа и Алваро Мората кои не успеаја да погодат.
За Арсенал ова е 15 победа во „Комјунити шилд“ натпреварот како одлична најава за новата сезона што стартува наредниот викенд.
„Комунити шилд“ 2017
Челзи – Арсенал 1:1 (0:0) – на пенали 1:4