Женската одбојкарска репрезентација на Бразил ја одбрани титулата во Гран при серијата, откако во финалето на завршниот турнир во Нанџинг ја совлада Италија со 3:2 (по сетови: 26:24, 17:25, 25:22, 22:25, 15:8).
За Бразилките ова е рекордна 12 победа во натпреварувањето или четврта во последните пет години.
Бронзениот медал го освои Србија по победата над Кина со 3:1 (по сетови: 25:22, 20:25, 25:23, 25:21).