Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каракамишева го изгуби спорот пред Управен суд против премиерот Заев

6
By Нова ТВ on August 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 8, 2017 15:48

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ , Тања Каракамишева Јовановска, го изгуби спорот пред Управниот суд што го поведе против премиерот Зоран Заев, дознава НОВА ТВ од извори во судот.

Каракамишева поднесе тужба против одлука на премиерот Заев донесена на седница на Влада на 11 јули со која професорката се разрешува од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Професорката пред Управниот суд ја оспорила законитоста на Решението на премиерот Заев, а поднела и посебен предлог за времена мерка со која барала да остане член на Одборот се до правосилноста на пресудата, поради постоење на јавен интерес и барала да се забрани Владата да врши назначување на нови членови.

Управниот суд минатата недела донел одлука да ја отфрли тужбата.

„Во конкретниот случај со тужбата не се оспорува конечен управен акт, туку тужбата е насочена против Решение од Претседателот на Владата на РМ, што не претставува конститутивен управен акт донесен во управна постапка, туку е акт донесен за работи кои спаѓаат во делокругот на работата на Владата“, пишува во образложението на пресудата.

Разрешената професорка има право на жалба на оваа одлука на Управниот суд во рок од 15 дена до Вишиот управен суд.

Освен Каракамишева, тужба поради разрешувањето поднел и нејзиниот колега од Правниот факултет, Гоце Наумовски, кој исто така беше во Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Каракамишева и Наумовски беа разрешени на владина седница заедно со  членовите на сите управните и надзорни одбори на јавните претпријатија, јавните здравствени установи, јавните установи за социјална работа, агенции и други правни лица, членови на комисии и членовите на секој надзорен одбор и одбори на директори од акционерските друштва во државна сопственост.

Професорката Каракамишева беше избрана за член на Одборот во декември 2015 година, заедно со Трајко Славески, Гоце Наумовски, Христијан Мицовски, Горазд Росоклија, Башким Зибери, Беким Фетаји, Александар Митов и Александар Стојков. Мандатот на членовите е четири години, но Владата предводена од Заев одлучи да ги разреши старите работни тела и на нивно место да именува нови членови.

Од Владата засега нема информации кои се новите кадровски решенија за Одборот за акредитација и евалуација на високото образивание. Одборот е тело кое врши надворешна оцена на квалитетот на високообразoвната установа и остварувањето на нејзината дејност.

Влада Гоце Наумовски Зоран Заев Одбор за акредитација и евалуација Правен Факултет седница Тања Каракамишева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.