Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев засега има 8 советници, Груевски на моменти го советувале 86

0
By Нова ТВ on August 9, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 9, 2017 15:42

Премиерот Зоран Заев засега има назначено 8 посебни советници во неговиот Кабинет. НОВА ТВ од Владата побара информација кои се избраниците на Заев кои ќе го советуваат за прашања од различни области. Тоа се следните лица:

Посебен советник – Правда Тања Чачарева – Илиевска

Посебен советник – Култура Цветанка Ласкова

Посебен советник- Администрација – Љупка Цветкова

Посебен советник- Односи со јавност – Марјан Забрчанец

Посебен советник- Надворешна политика – Дане Талески

Посебен советник за евроинтеграции – Бојан Маричиќ

Посебен советник за земјоделство – Ленче Николовска

Посебен советник за екологија – Драган Јованов

Според Законот за вработените во јавниот сектор, премиерот има право да вработи по еден посебен советник за секој ресор на Владата. Тоа значи дека Заев ќе именува и други соработници, но оттаму не ни одговорија конкретно кој е максималниот број на посебни советници што има право да ги ангажира Премиерот.

„Посебните советници се вработени преку оглас, именувани како функционери  но не им следува право на апанажа. Овие лица имаат мандат кој е врзан со мандатот на именуваниот функционер каде што се вработени, односно со завршување на нивниот мандат се прекинува и нивниот работен однос. Висината на платата на посебен советник е во рамка на државен службеник“, велат за НОВА ТВ од Владата.

На прашањето на НОВА ТВ колку советници имал поранешниот премиер, Никола Груевски, одговорија дека во одредени временски периоди, бројот на советници и посебни советници на претходниот премиер се движел и до 86 вработени лица.

 

Премиерот со најмногу советници, Иванов и Џафери имаат право на пет

Согласно членот  22  од Законот за вработените во јавниот сектор, бројот на посебни работни места на советниците не може да биде поголем од:

-пет работни места на посебни советници во Кабинетот на претседателот на Република Македонија,

-пет работни места на посебни советници во Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија,

– едно работно место на посебни советници во кабинетите на потпретседателите на Собранието на Република Македонија,

– по едно работно место на посебен советник за секој ресор на Владата на Република Македонија во Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија,

– три работни места на посебни советници во кабинетите на замениците на претседателот на Владата на Република Македонија,

– три работни места на посебни советници во кабинетите на министрите кои водат министерства со над 100 вработени,

– три работни места на посебни советници во кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија,

– две работни места на посебни советници во кабинетите на министрите кои водат министерства со помалку од 100 вработени и

– едно работно место на посебни советници во кабинетите на министрите без ресор.

Влада Зоран Заев Никола Груевски посебни советници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.