НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реал го „врза“ по Скопје: Зидан со нов договор и двојно поголема плата

0
By Нова ТВ on August 12, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зинедин Зидан е пример како се станува еден од најтрофејните тренери во историјата на еден од најтрофејните клубови. Неговото именување за наследник на Рафаел Бенитез на клупата на Реал Мадрид, пред 18 месеци, беше дочекано со спектицизам од фановите и јавноста. Фудбалските квалитети што ги поседуваше не беа спорни за никој, забелешките се однесуваа на отсуството на искуство во водење на така големи екипи каква е „кралската“ од „Сантијаго Бернабеу“.

Осумнаесет месеци подоцна Французинот ги затвори устите и на најголемите критичари. Под негово водство во вторникот во Скопје, Реал Мадрид ја освои шестата титула (две во Лигата на шампиони, две во европските Суперкуп натпревари и по една во Примера и на Светското клупско првенство) што го прават четврти менаџер по бројот на освоени трофеи во 115 годишната историја на клубот.

Триумфот над Манчестер јунајтед на „Телеком арена“ беше доволна причина за претседателот на Реал М., Флорентино Перез да го „врзе“ Зидан со нов договор по враќање од Македонија. Планот што веројатно му дојде во ВИП ложата на Северната трибина, го преслика и во дело. Сакајќи да обезбеди иднина во водењето на екипата, Перез му понуди нов тригодишен договор што одличниот фудбалер за врска од минатото го потпиша со задоволство.

Покрај емотивното задоволствот, Зидан доби и прилично материјално на што упатува сумата што ја објави „Ас“. Платата на Французинот во иднина ќе изнесува осум милиони евра по сезона, а во Скопје допатува како тренер кој заработува „само“ 4,35 милиони. Тоа доволно говори за големината што ја создаде во очите на Перез за година ипол работа со „галактикоси“, но и како формален доказ дека неговите услуги ги сметаат на подолг рок на „Бернабеу“.

Договор Зинедин Зидан Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.