Поранешниот главен обвинител на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Југославија, Карла дел Понте, која објави дека се повлекува од Комисијата на ОН за Сирија, увери дека постојат доволно докази за осудување на лидерот на Дамаск, Башар Асад за вршење воени злосторства, пишува турскиот весник Daily Sabah.
Дел Понте минатата недела објави дека се повлекува од функцијата поради разочарувањето од неуспехот на Советот за безбедност на ОН да ја продолжи работата на Комисијата, како и да создаде специјален трибунал за Сирија. Во моментов, сепак таа прецизира кога точно ќе ја напушти позицијата.
На прашање од швајцарскиот весник Sonntags Zeitung дали има доволно докази за да може Асад да биде осуден за воени злосторства, Дел Понте беше категорична: „Да, убедена сум дека тоа е така, затоа ситуацијата е толку фрустрирачка. Сепак, нема обвинител и нема суд“.
Сириската влада предводена од Асад ги негира извештаите на Комисијата, која документира воени злосторства извршени од сили поддржани од владата и безбедносните служби на Сирија.