Стоук го совлада Арсенал со 1:0 во последниот меч од саботната програмата во Премиерлигата. Единствениот погодок на стадионот „Британија“ беше дело на Хесе во 47 минута по додавање на Саидо Берахињо. Англискиот репрезентативец со потекло од Бурунди се покажа како одлично решение за Марк Хјус од клупата. Влезе во игра во 25 минута како замена за повредениот Џердан Шаќири и возврати со забележителен настан во кој ја запиша и првата асистенција во новата сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=ME7zVrvSXFo
Второто полувреме од мечот донесе и спорен момент од кој профитирааа домашните фудбалери. Александре Лаказет успеа да погоди за израмнување, но реализацијата на Французинот ја поништи главниот судија Андре Маринер поради офсајд. Снимките, сепак, покажуваат дека не постои во ситуацијата, па „топчиите“ има за што да жалат по средбата. Арсенал не остана само на таа прилика за гол. Најзрелата барем за бод ја имаше Оливие Жиру во третата минута од судиското надополнување на времето меѓутоа не успеа да ја искористи.
Премиерлига, 2 коло
Стоук – Арсенал 1:0
Саутемптон – Вест Хем 3:2
Ливерпул – Кристал палас 1:0
Лестер – Брајтон 2:0
Барнли – ВБА 0:1
Борнмут – Вотфорд 0:2
Свонси – Манчестер Ј. 0:4
Утре играат
Хадерсфилд – Њукасл (14,30 ч.)
Тотенхем – Челзи (17 ч.)
Понеделник
Манчестер С. – Евертон
Табела: Манчестер Ј. 6, ВБА 6, Вотфорд 4, Саутемптон 4, Ливерпул 4, Хадерфилд 3 (-1), Манчестер С. 3 (-1), Тотенхем 3 (-1), Лестер 3, Евертон 3 (-1), Арсенал 3, Барнли 3, Стоук 3, Свонси 1, Челзи 0 (-1), Њукасл 0 (-1), Борнмут 0, Кристал палас 0, Брајтон 0, Вест Хем 0.