Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска треба да започне процедурата за избор на нов јавен обвинител

0
By Нова ТВ on August 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 22, 2017 12:30

На денешната седница, владата на дневен ред треба да изгласа заклучок со кој ќе му наложи на Собранието да распише оглас за избор на нов Републички јавен обвинител.

Откако ќе биде распишан конкурсот, тој ќе биде отворен 15 дена. По ова, сите биографии на кандидатите ќе бидат испратени до Советот на јавни обвинители кој ќе има 15 дена рок за да даде позитивно или негативно мислење за кандидатите. Овие мислења Советот ќе ги испрати до владата која на наредната седница откако ќе ги добие мислењата ќе треба да избере еден кандидат кој од Советот добил позитивно мислење. Биографијата на избраниот кандидат се испраќа до Собранието со препорака тој да биде избран за нов Републички јавен обвинител кое со 61 глас „за“ ќе треба да го одобри изборот на кандидатот.

Конкретниот рок кога ќе се избере јавен обвинител се уште не се знае, затоа што според членот 8а од Изборниот законик, според кој од распишување на изборите до конституирање на општинските совети, не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување.

На предлог на Владата, Собранието на 17 август по 12 дневна дебата го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија.

Меѓу причините за разрешувањето Владата наведе дека Зврлевски ја вршел функцијата незаконито, ненавремено и недоволно стручно. Со своето однесување и дејствување, според Владата, покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед.

Бидејќи се работи за долга процедура, очекувањата се дека новиот јавен обвинител ќе биде избран дури по локалните избори.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.

Адвокатите Звонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков и Сејфула Османи најавија дека ќе се кандидираат за оваа функција.

Јавен обвинител конкурс седница на влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.