Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО од нападот на екипата на НОВА ТВ во населба Аеродром

6
By Нова ТВ on August 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 23, 2017 14:01

Екипата на НОВАТВ денеска беше нападната од непознато лице додека снимаше на локација кај ТЦ Бисер во скопската населба Аердором каде се собираат потписи против наводната изградба на мигрантски кампови.

На снимката се гледа лице на околу 30 години во зелена маичка, како прво ја нападна нашата новинарка Сашка Цветковска додека снима со мобилен телефон, ја турна и и` ја свитка раката и бара да престане со снимањето. Откако дојде и снимателот на НОВАТВ, Трајче Антоновски, кој снимаше во тоа време на друга локација, истиот човек, прво разговара со девојката, која во изјава за НОВАТВ вели дека е дел од организацијата задолжена за настанот, дека е од општина Аеродром и член на ВМРО ДПМНЕ, по што на страна двајцата разговараат со напаѓачот.

Кога напаѓачот слушна дека е повикана полиција, се обиде да избега и новинарката и снимателот тргнаа по него по што тој овој пат ја удри камерата и таа престана да работи и снима. Овој втор напад се случи во ТЦ Бисер, по што напаѓачот избега. На инцидентот има многу сведоци.

Екипата на НОВАТВ случајот го пријави во полиција која направи записник и треба да го идентификува напаѓачот.

НОВА ТВ дојде до информација дека настанот за собирање на потписи против мигрантските кампови е во организација на ВМРО- ДПМНЕ, од каде од општинскиот комитет им биле праќани пораки на жителите во Аеродром да излезат и да се потпишат.

НОВА ТВ се обиде да добие информација за бројот на мобилниот телефон од кој се испраќани пораките за масовност на настанот, но тој е заштитен во службата 1188 и за сопственикот не смее да се откриваат информации. Кога стапивме во контакт со лицето, станува збор за женска особа, не сакаше да се претстави и рече дека телефонот е приватен и дека не е од партија.

аеродром Мигранти нападната екипа НОВА ТВ Сашка Цветковска Трајче Антоновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.