Вардар се враќа со бронзен медал од „Супер Глоуб“ турнирот во Катар кој важи за неофицијално светско клупско првенство во ракомет за мажи. Европскиот шампион во меч за третото место го декласира домашниот претставник Ал Сад со 37:19 (23:9).
Најефикасен поединец во малото финале, во кое „црвено-црните“ од почеток до крај беа во водство, беше Данил Шишкарев со осум гола, пет постигна Тимур Дибиров, по четири додадоа Стоилов, Македа, Борозан и Војводиќ. Придонес во убедливата партија и победа имаше и Арпад Штербик со своите 11 интервенции меѓу стативите.
Вардарци во четврт-финалето го елиминираа ирански Гахсаран со 30:22, а во полуфиналето загубија од Барселона со 29:32. Каталонците во финалето на „Супер Глоуб“ ќе играат со германски Фухсе Берлин.
Покрај бронзениот медал, македонскиот и европски шампион за освоеното трето место во Катар доби и чек на 150.000 долари.
На турнирот, покрај Вардар (европски првак), Барселона (вајлд карта), Ал Сад (домаќин), Фухсе Берлин (бранител на титула) и Гахсаран (финалист во азиската Лига на шампиони), учествуваа и екипите на Есперанса (финалист во африканската Лига на шампиони), Сиднеј Јуниверзити (освојувач на шампионскиот Куп н Океанија) и бразилскиот Пињеирош (победник на пан-американскиот Куп на шампиони).
„Супер Глоуб 2017“ – Катар
Четврт-финале
Вардар – Гахсаран 30:22
Фухсе Берлин – Пињеирош 33:31
Барселона – Есперанса 42:24
Ал Сад – Сиднеј Јуниверзити 33:25
Полуфинале
Вардар – Барселона 29:32
Ал Сад – Фухсе берлин 22:30
За трето место
Вардар – Ал Сад 37:19
Финале
Фухсе Берлин – Барселона ???
За пласман од петто до осмо место
Сиднеј Јуниверзити – Пињеирош 26:32
Гахсаран – Есперанса 28:35
За петто место
Пињеирош – Есперанса 32:29
За седмо место
Сиднеј Јуниверзити – Гахсаран 24:27