НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН го осуди Пјонгјанг, Ким Јонг ун најавува нови проектили

0
By Нова ТВ on August 30, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за безбедност на ОН остро го осуди пробното лансирање на севернокорејскиот проектил и го повтори барањето до Пјонгјанг да ги запре програмите за развој на балистички ракети и нуклеарно вооружување.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин се согласија дека треба да се бара поостра резолуција на УН против Северна Кореја, соопштија јапонски официјални лица.

По итното заседание што уследи по лансирањето, највисокото тело на ОН синоќа, потезите на Пјонгјанг ги нарече скандалозни, кои намерно го поткопуваат мирот и стабилноста во регионот.

Како што пренесува АП, Советот за безбедност ја повика Северна Кореја да преземе директни и конкретни чекори за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров и пошироко.

Лансирањето на проектилот, што ја прелета Јапонија, дојде помалку од еден месец откако Советот за безбедност наметна досега најтешки санкции кон Пјонгјанг, но за сега не е јасно дали ќе има дополнителни чекори во таа насока.

Северна Кореја вчера потврди дека лансирала ракета која ја прелета Јапонија и дека ја погодила целта во Јапонското море.

Ракетата „хвасонг 12“ од среден дострел чие лансирање го надгледувал и севернокорјскиот лидер Ким Јонг ун го пресече небото над островот Хокаидо и ртот Еримо долж однапред одредена патека и точно ја погоди целта во северниот дел на Тихиот океан, соопшти севернокорејската агенција КЦНА.

Притоа се наведува дека „вежбата не влијаела на безбедноста на соседните земји“, додека севернокорејскиот лидер „изразил големо задоволство“ од лансирањето.

Агенцијата ја пренесува изјавата на лидерот, според кого „и во иднина ќе има лансирања на балистички ракети во кои мета ќе биде Тихиот океан“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.