Жителите на Карпош жестоко се спротивставија на новиот Детален урбанистички план за нивната општина. На денешната јавна презентација, Карпошани присуствуваа во голем број и беа гласни во критиките против новиот ДУП.
Освен граѓаните, против новиот ДУП, преку прес конференција се изјаснија и СДСМ Карпош.
– Градоначалникот Стевче Jакимовски, на крајот од неговиот штетен мандат за граѓаните, повторно, против на волјата на жителите на Општина Карпош пробува да го промени последниот детален урбанистички план за Карпош 3 – рече Душко Весковски од СДСМ Карпош.
Според Весковски со новиот план се уништува животната средина и квалитетот на живот на жителите на Карпош. Тој вели дека новопредвидените висококатници ќе го уништат и попречат слободниот проток на воздухот, а проблемот со паркинг местата само ќе го зголемат. Граѓаните со право се загрижени за себе и за своите деца.
– Засегнатите жители на Карпош 3, ги повикуваме своите анкетни листови да ги достават во просториите на Општинската зграда – порача Весковски.