Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во новиот закон за внатрешни работи, МВР ги исфрли гумените куршуми

0
By Нова ТВ on September 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 1, 2017 14:38

Министерството за внатрешни работи подготвува измени на Законот за полиција со кои, меѓу другото, се исфрлаат од употреба, односно полицијата нема да може да ги користи гумените куршуми и електричните парализатори како средства за разбивање толпа и насилни протести, објави „Мета“.

Гумените куршуми и електричните парализатори станаа дел од опремата на полицијата со измените на Законот за полиција што Собранието со 59 гласа „за“ ги изгласа во март 2015 година. Според тогашните измени, списокот на средства за присилба што може да ги користи полицијата при нарушен јавен ред и мир предвидува употреба на физичка сила, полициска палка, електричен парализатор, хемиски средства, гумен куршум, службени кучиња, специјални возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства.

Со новите измени, кои се подготвуваат, членот 91 од Законот за полиција, во кои е уредена употребата на овие средства, е поделен во два става. Во првиот се наведува дека „во случај кога се воспоставува нарушен јавен ред и мир во поголем обем, може да се употребат средствата за присилба и тоа: физичка сила, полициска палка, средства за врзување лица (лисици), уред за присилно запирање возила и службено куче“.

Во ставот 2 се додава дека „покрај средствата за присилба од ставот 1, може да се употребат и специјални возила за јавен ред и мир, пиротехничко-експлозивни средства и хемиски средства“.

Гумените куршуми и електричниот парализатор не се дел од средствата за присилба, односно се исклучуваат од употреба.

Со новите измени се пополнува и дупката во актуелниот Закон, околу тоа кој може да издаде наредба за употреба на средствата за присилба.

„Од страна на експертите беше забележано дискреционо право на полициските службеници при примената на овие средства за присилба и недостиг од одредби со кои се уредува рангот на полициски службеник кој ја одобрува употребата на наведените средства за присилба“, стои во образложението на предлог-законските измени.

Според нив, физичка сила, полициска палка, лисици, уред за присилно запирање возила и службено куче, ќе можат да се употребат „само по наредба на полицискиот службеник кој ја раководи акцијата“, додека за употреба на специјалните возила, пиротехничките и хемиските средства, наредба може да даде исклучиво „директорот на Бирото за јавна безбедност или од него овластено лице“.

Инаку, воведувањето на гумените куршуми и на електричните парализатори во 2015 година, во време на тешка политичка криза и протести по објавувањето на прислушуваните разговори од страна на тогаш опозицискиот СДСМ, наиде на жестоки реакции во јавноста.

Тогашното раководство на МВР ги бранеше ваквите мерки со образложение дека полицијата мора да располага со средства за да се спротивстави на насилството и дека не е добро што има многу полицајци со повреди.

гумени куршуми МВР палки парализатори протести толпа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.