Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за СП 2018: Полска „потопена“ во Копенхаген (Видео)

0
By Нова ТВ on September 2, 2017 ВЕСТИ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 2, 2017 00:05

Данска ја декласира Полска во дербито на вечерта, Германија ја продолжи импресивната победничка серија, Црна Гора останува во мундијалски сон. Ова се моментите што ја одбележаа денешната фудбалска понуда во во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година.

https://www.youtube.com/watch?v=z6mepKPDlRA

Полјаците отпатуваа во Копенхаген по резултат за „бетонирање“ на лидерската позиција во групата Е. Но, наместо освојување на бод или три, Левандовски и компанија доживеаја дебакл на „Паркен“ стадионот. Данците славеа триумф со 4:0 што можеше да биде изразен и со поубедлива разлика. Во првото полувреме погодија Дилејни и Корнелиус, кон нив се надоврзаа Јоргенсен и Ериксен во второто за испраќање на Полјаците кон Варшава со полна мрежа и голем товар пред трите последни меча од групната фаза.

https://www.youtube.com/watch?v=8zULvyoyotQ

Полска останува лидер на табелата со 16 бода, но Црна Гора и Данска сега имаат по 13 на второто, односно, третото место на табелата. Епилогот од Копенхаген оди во прилог и на Црногорците кои претходно во Астана го поразија Казахстан со 3:0. Стрелци за „џетичи“ на „Астана арена“ беа Весовиќ во првиот дел и Бечирај и Симиќ во продолжение на средбата.

Седма победа на Германија во седмиот меч

Германија останува единствена репрезентација со максимален ефект во циклусот. „Панцерите“ вечерва во Прага ја совладаа Чешка со 2:1. Матс Хумелс беше стрелец на победничкиот погодок за гостите во 88 минута. Тимот на Јоаким Лев поведе уште во четвртата минута преку Вернер, израмни Дарида во 78 минута.

https://www.youtube.com/watch?v=9u9_aOzxTb8

Северна Ирска долго време го пробиваше Сан Марино, а по првиот погодок во 71 минута постигна уште два до 78 минута за конечни 3:0 на гостувањето кај аутсајдерот во групата Ц во која и Норвешка славеше на домашен терен против Азербејџан.

Пораз на Словенија на Среќко Катанец во Братислава

Словенија загуби од Словачка, во Братислава, со 1:0 меѓутоа останува конкурентна за втората позиција во групата Ф. Немец го постигна единствениот гол на „Сити арена“ во Трнава и ги смести Словаците зад водечката Англија на табелата со 15 бода. Селекцијата на поранешниот македонски селектор има 11 на четвртото место колку и третопласираната Шкотска чии фудбалери славеа над Литванија со 3:0.

https://www.youtube.com/watch?v=9Yg5iYKlpq0

Англичаните, пак, се оправдаа како фаворити на островот во Средоземјето. Гордиот Албион ја порази Малта со 4:0 и со 17 бода остана водечки во Ф конкуренцијата. Два гола постигна Хари Кејн, по еден дадоа Бертран и Велбек, сите четири во второто полувреме.

Квалификации за СП 2018 во Русија

Група Ц, 7 коло

Чешка – Германија 1:2

Сан Марино – Северна Ирска 0:3

Норвешка – Азербејџан 2:0

Табела: Германија 21, Северна Ирска 16, Чешка 9, Норвешка 7, Азербејџан 7, Сан Марино 0.

Идно коло (4 септември): Германија – Норвешка, Северна Ирска – Чешка, Азербејџан – Сан Марино.

Група Е, 7 коло

Данска – Полска 4:0

Романија – Ерменија 1:0

Казахстан – Црна Гора 0:3

Табела: Полска 16, Црна Гора 13, Данска 13, Романија 9, Ерменија 6, Казахстан 2.

Идно коло (4 септември): Полска – Казахстан, Црна Гора – Романија, Ерменија – Данска.

Група Ф, 7 коло

Малта – Англија 0:4

Литванија – Шкотска 0:3

Словачка – Словенија 1:0

Табела: Англија 17, Словачка 15, Шкотска 11, Словенија 11, Литванија 5, Малта 0.

Идно коло (4 септември): Англија – Словачка, Шкотска – Малта, Словенија – Литванија.

Англија Германија Данска квалификации за СП 2018 Полска фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

ВЕСТИ May 21, 2026

Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија предлагаат модел што би го забрзал приближувањето на Западен…

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.