Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српска нота против испадите на хрватските неофашисти

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 4, 2017 13:58

Србија упати протестна нота до Хрватска во врска со инцидентот што се случил во саботата во Загреб, кога претставници на Автохтоната Хрватска странка на правата изнесоа проусташки и антисрпски политички ставови пред седиштето на Српското народно собрание и запалија примерок на самостојниот српски неделник „Новости“.

Протестната нота му е врачена на вршителот на должноста во Амбасадата на Хрватска во Белград.

-Министерството за надворешни работи на Србија смета дека ваков инцидент, извршен од страна на неофашистичката политичка група од Хрватска, предводена од нејзиниот претседател во присуство на припадници на МВР на Хрватска претставува пример на поттикнување национална омраза и застрашување на припадниците насрспкото национално малцинство во Хрватска, обид за ревизија на историјата како и величење на усташкото движење и неговите обележја, се вели во соопштението на срспкото МНР.

Група членови на десничарската Автохтона хрватска странка на правата во Загреб му се закани на хрватскиот прмеиер Андреј Пленковиќ, доколку ја симне плочата со проусташкиот  натпис „За дом спремни“ во Јасеновац. На протесот запалија промерок на српскиот неделник „Новости“.

Во врска со овој случај српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија многу пати изразила ќелба за дијалог и добрососедски односи со Хрватска, но дека тоа подразбира дека секоја страна треба да се воздржува од некои потези кои би биле провокација или навреда на чувствата на српскиот и хрватскиот народ.

Спорната табла во Јасеновац може да ја урне владата на Пленковиќ

Хрватската коалициска влада, предводена од ХДЗ, се соочуваа со можноста да се распадне. Овој пат, поради спомен-плочата на која е врежан поздравот „За дом спремни“, кој во Втората светска војна го користело профашистичкото усташко движење.

Спомен-плочата беше подигната во чест на 11 загинати членови на Хрватските одбранбени сили (ХОС), паравоени сили и партиска милиција на екстремно десничарската, Хрватска партија на правата, формирани во Татковинската војна во Хрватска. Таа беше откриена во Јасеновац во ноември, во близина на местото на поранешниот најголем усташки концентрационен логор.

Нејзиното поставување веднаш предизвика негативни реакции, не само на опозицијата, туку и на партнерот на ХДЗ, Независната демократска српска партија (СДСС).

Во Јасеновац, помеѓу 1941 и 1945 година, усташите ликвидирале над 83.000 Срби, Евреи, Роми и антифашисти.

Проблемот е и во тоа што слоганот испишан на споменикот, е дел од официјално регистрираниот грб на организацијата на ветераните на ХОС, воени сили формирани на почетокот од конфликтот во Хрватска во 1991 година, кои се бореа против бунтовничките Срби во оваа земја и Југословенската народна армија (ЈНА). Тие во 1992 беа интегрирани во хрватската војска.

Здружението на доброволци на ХОС во Загреб, во 1998 година, беше регистрирано во Градската канцеларија за општа управа и во Министерството за управа, заедно со слоганот „За дом спремни” на нивниот официјален грб.

Користењето на овој слоган во Хрватска не е забрането, иако повеќе судови имаат утврдено дека тој е симбол на усташкиот режим. Овој поздрав, понекогаш се скандира и на некои настани на десницата, но и за време на фудбалски натпревари.

Во декември минатата година, кога медиумите пишуваа за спорот со спомен-плочата во Јасеновац, премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека владата ќе усвои закон, со кој ќе се регулира ова прашање.

Пленковиќ тогаш најави дека ќе се формира специјална комисија, составена од експерти, кои ќе работат на законот за регулирање на употребата на симболите на тоталитарните режими.

Така, хрватската влада, во март оваа година го формира Совет за справување со последиците од владеењето на недемократските режими, иако неговите членови не се согласија да се дискутира и за прашањето за употреба на поздравот „За дом спремни”.

Од друга страна, либералната, Хрватска народна партија (ХНС), во јуни, кога ѝ се приклучи на коалициска влада на ХДЗ, соопшти дека спомен-плочата ќе биде отстранета во рок од еден месец, а тој рок истече на крајот на јули.

Во меѓувреме, Пленковиќ изјави дека Владата, по ова прашање, чека одговор од Министерството за управа.

Сега владата се соочува со проблемот да се распадне, со тоа што можно е да и биде изгласана недоверба уште овој месец.

Јасеновац провокации Србија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.