НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битола на 15 октомври ќе одржи референдум за мигрантите

2
By Нова ТВ on September 4, 2017 ПОЛИТИКА
Фото ТВ Тера
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на општина Битола со 15 гласа „за“ и 9 „против“, попладнево гласаше, на 15 октомври да се распише референдум на кој граѓаните од Битола ќе го искажат својот став околу нацрт стратегијата за мигранти.

Одлуката е изгласана по жестока расправа помеѓу советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ откако советниците од СДСМ предложија наместо референдум на кој ќе се потрошат околу 100.000 евра да се донесе одлука дека Советот на општина Битола е против населување и интеграција на бегалци на територијата на општина Битола, што беше одбиено.

Советниците имаа спротивставени мислења и околу датумот на одржување на референдумот, откако СДСМ предложи тоа да биде на 1 октомври.

За донесената одлука за референдум треба да се изјасни и Државната изборна комисија.

На денешната седница во Битола се појави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која посочи дека се работи за манипулација и дека во Македонија нема да се населуваат бегалци, ниту да се градат станови.

Фото ТВ Тера

-Ниту  ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови за нив, рече Царовска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ шири ксенофобија и лажни вести.

-Нека кажат од ВМРО-ДПМНЕ со кој документ Владата се обврзала да потроши финансиски средства или направила проектни документи за изградба на станови, рече министерката за труд и социјална политика.

– Оваа Стратегија не се однесува на мигранти, напротив Резолуцијата што ја донесе Собранието на Република Македонија за мигранти ја изгласа мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија е држава која што ратификувала Конвенции за заштита на човекови права. Многу е важно да се потенцира дека референдумот е демократско право и ние веруваме во изјаснувањето на граѓаните за важни прашања на референдум, но ова прашање е лажно прашање, истакна Царовска.

Битола референдум за мигранти Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.