Уште еден од повредените во сообраќајната несреќа на автобус кај Велес почина.
Од клиниката за ТОАРИЛУЦ информираат дека пациентот Б.П, кој е еден од повредените во автобуската несреќа на патот Велес-Скопје, вчера доцна попладне, за жал, им подлегнал на повредите.
Станува збор за 78 годишен пациент, со сериозни повреди и кварење во градниот кош, ‘рбетот и ‘рбетниот мозок, како и скршеници на вратот и повреда на главата.
Клиниката за ТОАРИЛУЦ изразува сочувство до семејството на пациентот.
Во сообраќајната несреќа која се случи на 20 август, една жена веднаш подлегна на повредите, а на едно дете му беше ампутирана раката.