Денешната пленарна седница на која се расправа за точката предлог за огласување именување на јавен обвинител на Репулика Македонија беше прекината и ќе продолжи в среда, во 11 часот.
За оваа точка се пријавија за дискусија повеќе од 15 пратеници од ВМРО ДПМНЕ.
Пратеникот и координатор на една од десетте пратенички групи на опозицијата, Илија Димовски ги повтори ставовите на партијата дека целата процедура околу разрешување на стариот и избор на нов јавен обвинител е противзаконска и се коси со членот 8а од Изборниот законик.
– За жал наместо да зборуваме за постапки и процедури кои што ќе значат подобрување на судството и обвинителството ние зборуваме за прекршување на законите. Сметаме предлагот на СДСМ за изборот на нов јавен обвинител е резултат на арогантното однесување на тенкото парламентарно мнозинство – рече Димовски од собраниската говорница.
Според координаторот на пратеничката група на СДСМ , Томислав Тунтев , постапката за избор на нов јавен обвинител мора да заврши час поскоро.
– Да не ги кочиме започнатите реформи, да го затвориме ова прашање и да дозовлиме да течат процесите – рече Тунтев од говорницата.