НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенија ја поддржува Македонија за влез во ЕУ

0
By Нова ТВ on September 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Словенија е подготвена директно да ја поддржи Република Македонија во процесот на реформи во одбраната и при изработката на клучните документи за развој на одбраната и вооружените сили, како Стратегискиот одбранбен преглед, било договорено на денешната средба помеѓу министерките за одбрана на Македонија и Словенија, Радмила Шекеринска и Андреја Катич во Љубљана, соопштуваат од Министерството за одбрана на Република Македонија.

– Во сериозни потфати како интеграцијата во НАТО нема простор за импровизација. Црна Гора тоа го докажа кога побара поддршка од Република Словенија и доби полноправно членство. Тоа беше мудар потег. Дозволете ми да го истакнам задоволството што министерката Катич изрази подготвеност Словенија да го искористи тоа знаење и искуство дадено на Црна Гора за да и помогне на Република Македонија да стигне до долго очекуваната стратешка цел. Убедена сум дека со таква поддршка, се зголемуваат шансите на нашата земја да стане 30. членка на НАТО-Алијансата – истакна министерката Шекеринска по средбата со министерката Катич.

Словенечката министерка изјави дека Словенија ќе и ја даде на Македонија истата поддршка која и ја даде на Црна Гора во процесот на пристапување кон НАТО. Таа додаде дека Словенија ќе и помогне на Македонија во изработката на сите реформски документи, особено на Стратегискиот одбранбен преглед.

– Западниот Балкан за Словенија е приоритет и во тоа светло треба да се гледа поддршката што ја даваме за пристапувањата кон НАТО и ЕУ. Затоа не радува што Македонија во ова кусо време успеа да ги подобри односите со соседите – рече Катич.

Министерката Шекеринска порача дека мигрантската криза и проблемите со тероризмот покажуваат колку зависиме едни од други.

– Безбедносните интереси на Словенија се бранат и во Македонија, безбедносните интереси на Европа се бранат и на Балканот. Затоа интересот на Македонија да стане членка на НАТО е и интерес на целиот регион, на Европа. Тоа е интерес на заедничката безбедност – рече министерката.

Во текот на утрешниот ден, министерката Шекеринска ќе се сретне со претседателот и членовите на Одборот за одбрана во словенечкиот Државен збор, а ќе ја посети и Касарната Церкље, каде припадници на Армијата на Република Македонија во моментов посетуваат теоретска и практична обука за противвоздушна одбрана со лесниот преносен ракетен систем „Игла“.

ЕУ Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.