Увид во Избирачкиот список направиле над 165.000 граѓани, соопшти Државната изборна комисија.
Преку електронската апликација на веб страната на ДИК увид направиле 148.538 граѓани.
-Јавниот увид за локалните избори е во тек, а до денеска своите податоци во подрачните единици ги провериле 18.804 лица, најмногу во Битола околу 3400 лица, соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.
За седум лица досега е побарано бришење на податоците од Избирачкиот список, кој е на јавен увид за Локалните избори 2017.
Промена на податоци побарале 19 лица, а 14 запишување во Избирачкиот список.
Увидот во избирачкиот список трае до 9 септември.
Од вчера на електронската апликација на Избирачкиот список, покрај податоците за избирачкото место на кое гласаат, граѓаните ќе можат да ја проверат и пристапноста на своето избирачко место. Овој дел од апликацијата содржи податоци за постоењето на паркинг места за лица со инвалидитет, тротоари со спуштен рабник, пристапни рампи до гласачките објекти, ширината на ходниците и вратите и друго.