НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Имаме пет одредници-првата е да ги вратиме парите кај граѓаните

1
By Нова ТВ on September 5, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Имавме пет важни одредници од кои се водевме во изминатите 100 дена: Да ги вратиме парите кај граѓаните, да обезбедиме економски развој за подобар живот, да ги направиме институциите во служба на граѓаните, во сите наши одлуки граѓаните да препознаваат отворена и реформска влада и да ја промовираме нашата земја Македонија како пријател на соседите, која цврсто чекори на патот кон НАТО и ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по повод 100 дена од формирањето на Владата.

– Зборот сега е реалност. Дадениот збор се претвори во конкретна придобивка. Оваа Влада е влада на граѓаните и на нивните интереси. Ги препознавме тие интереси и креираме најдобри решенија за нив. Уште повеќе решенијата стануваат реалност, преточени во мерки од полза на граѓаните кои во исто време се инспирација за нови потфати, рече Заев во отчетот.

Во однос на враќањето на партите кај граѓаните, тој истакна дека Влада уште на стартот се соочила со големиот предизвик да направи ребаланс на Буџетот, во чие креирање, како што рече, таа не учествуваше.

– Наша задача беше да ги лоцираме непродуктивните трошоци и да најдеме начини парите да ги пренасочиме кон граѓаните и компаниите. Оваа Влада има намера да се однесува домаќински со парите на граѓаните. Само со кратење на премиерскиот буџет, обезбедивме 420 милиони денари. Обезбедивме дополнителни една милијарда и 245 милиони денари во Фондот на ПИОМ за да се обезбеди непречена исплата на пензиите и трошоците на вториот пензиски столб и уште 200 милиони денари, рече премиерот Заев.

Заев истакна оти е задоволен од резултатите кои ги постигнале откако претходно државата подолг период беше во тешка ситуација. Според него, отвориле многу процеси и работеле во атмосфера во која доминирала транспарентноста, а принципите според кои се воделе биле враќање на парите кај граѓаните, ставање на институциите во служба на народот и промовирање на Македонија како земја пријател на соседите.

– Ја вративме слободата, ќе го вратиме и животот – порача Заев.

Во отчетот пред јавноста за сработеното, премиерот се осврна на постигнатото во речиси сите сектори. Зборуваше и за, во моментот, најактуелното прашање во јавноста, претстојните локални избори. Посочи оти создале услови за спроведување на фер и демократски избори, му помогнале на ДИК да се екипира за да може да ги организира локалните избори итн.

100 дена Влада Зоран Заев отчет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.