НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши собраниската расправа за огласот на нов јавен обвинител

0
By Нова ТВ on September 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието попладнево ја заврши расправата во врска со предлогот за објавување оглас за именување јавен обвинител на Република Македонија, откако сите пријавени за дискусија се изјаснија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за тоа кога ќе биде закажано нејзиното продолжение.

Пратениците од опозицијата и во попладневниот дел од расправата за огласот за именување државен јавен обвинител, побараа да се одложи оваа точка за после локалните избори и да се испочитува мислењето на Антикорупциска, според кое, сите постапки за разрешување и именување носители на јавни функции се ставаат во мирување до завршување на изборите.

Според нив, целата постапка, е незаконска, бидејќи како што рекоа, согласно Изборниот законик, до завршување на изборите не смее да ниту да се разрешува и ниту да се вработува.

Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ инсистираше дека целиот процес околу изборот на нов јавен обвинител се тера „на сила“, бидејќи очигледно тој ќе биде избран после изборите. Тој рече дека оваа седница се одржува во време кога се одржуваат седници на три собраниски комисии со многу важни законски решенија.

– Надлежноста за свикување седница на комисиите е на претседателите на комисиите. Мојот повик беше претседателите на комисиите да ги свикаат седниците и од понеделник имаа можност да ги свикаат седниците за стартните постапки веднаш, вклучувајќи и во текот на вчерашниот ден во кој ден немаше седница на Собранието. Тоа е сега работа за која што веројатно од колегите пратеници и претседателите на комисиите ќе треба да барате објаснување, рече Џафери.

Ставот на владејачкото мнозинство е дека не е прекршен ниту еден закон во постапка за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски. Ги потсетија колегите од опозицијата дека во 2013 година кога биле распишани избори на 11 јануари, веќе на 21 јануари, односно за десет дена, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ го именувала Зврлевски за јавен обвинител и прашаа зошто тогаш не е реагирано за ова.

Марко Зврлевски беше разрешен од функцијата на 17 август на предлог на Владата бидејќи, како што објаснија, тој ненавремено, незаконито и недоволно стручно ја извршувал функцијата. За в.д. јавна обвинителка е избрана Лилјана Спасовска.

Меѓу другите точки на оваа седница и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието. Владејачкото мнозинство го поддржа предлогот на опозицијата на дневен ред, по скратена постапка да бидат ставени три нивни закони.

По скратена постапка ќе се носи пакет закони предложен од владејачкото мнзоинство. Овие три закони предвидуваат минималната плата да биде 12.000, надоместок за одредена група стечајци и укинување на радиодифузната такса, предложени од владејачкото мнозинство.

Владата предложи по скратена постапка да се носат и измените на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина со којшто, како што меѓу другото кажа министерот за здравство Арбен Таравари, предвидува болниците да одлучуваат кој доктор ќе оди на доусовршување во странство, а не како досега министерот за здравство.

дебата Оглас за јавен обвинител Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.