НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советите гласаат референдуми, а ни трага од бегалци и мигранти

0
By Соња Трајковска on September 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штип, Каварадарци, Битола, Гевгелија и скопските општини Гази Баба, Аеродром и Карпош досега донесоа одлуки преку нивните Совети, да се одржи референдум за прашањето за населување на мигранти.

Во Куманово каде се собираа потписи од граѓаните нема да се одржи референдум, бидејќи советот ја отфрли иницијативата.

– Со распишувањето на референдумот ќе се спречи актуелната или која било идна влада да спроведе план за населување на мигранти на територијата на Општина Аеродром. Ги повикуваме граѓаните масовно да го поддржат овој референдум, со цел да се стави точка на прашањето со мигранти во нашата општина, се наведува во соопштението од општината Аеродром, која вчера, последна од споменатите општини донесе ваква одлука.

Седницата заврши со инцидент кога советникот од ТМРО Александар Шехтански прво вербално го нападна, а потоа се обиде и физички да се пресмета со советникот од СДСМ Марко Даниловски.

-Шехтански му дофрлуваше дека лаже и дека 11.000 бегалци за два дена ќе влезат во Македонија. Во еден момент Шехтански се доближи до Данилоски, а атмосферата се обидоа да ја смират другите колеги, кои го тргнаа советникот од ТМРО и не дозволија да се случи инцидент, објаснуваат од советничката група на СДСМ.

Оваа општина сепак донесе одлука за референдум, иако градоначалникот Ивица Коневски во изјава за НОВАТВ на 24 август изјави дека не верува дека во оппштината ќе с еградат кампови. Тој рече дека сите информации на оваа тема која стигнале до него се шпекулации и засега немаат добиено никакво официјално барање.

Овие општини, каде градоначалниците се од опозициската ВМРО ДПМНЕ и од коалициски партнер (Карпош), планираат референдумите да се одржан на 15 октомври, на денот кога ќе се одржат локални избори.

ДИК се уште не се изјаснила за тоа.

Според членот 37 од Законот за референдум и други облици на непосредно граѓанско изразување, кога референдумот се одржува на локално ниво, од денот на објавувањето на одлуката на советот во службеното гласило на општината, до денот на гласањето, треба да поминат најмалку 25 и најмногу 40 дена.

Ниту ќе има бегалци, ниту ќе се градат станови

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска од самиот почеток тврди дека се работи за манипулација и дека во Македонија нема да се населуваат бегалци, ниту да се градат станови.

-Ниту  ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови за нив, рече Царовска, пред неколку дена во Битола, за време на седницата на Советот, кога се расправаше за референдумот, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ шири ксенофобија и лажни вести.

-Нека кажат од ВМРО-ДПМНЕ со кој документ Владата се обврзала да потроши финансиски средства или направила проектни документи за изградба на станови, рече министерката за труд и социјална политика.

 

– Оваа Стратегија не се однесува на мигранти, напротив Резолуцијата што ја донесе Собранието на Република Македонија за мигранти ја изгласа мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија е држава која што ратификувала Конвенции за заштита на човекови права. Многу е важно да се потенцира дека референдумот е демократско право и ние веруваме во изјаснувањето на граѓаните за важни прашања на референдум, но ова прашање е лажно прашање, истакна Царовска.

ВМРО ДПМНЕ токму поради оваа стратегија поднесе интерпелација за Царовска.

И министерот за надворешни работи Никола Димитров потенцира дека никој досега од Македонија не побарал да прими и да згрижи бегалци.

– Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, ниту еден соговорник нема побарано Македонија да стане земја дестинација за бегалци. Факт, напиша Димитров.

И СДСМ ќе гласа на референдумите

Премиерот Зоран Заев минатата недела изјави дека доколку бидат распишани референдуми за забрана за отворање кампови во Македонија ќе гласа и СДСМ за да покаже дека станува збор за политичка манипулација на ВМРО-ДПМНЕ и дека кампови во земјата нема да има.

Тој смета дека референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за дефокусирање на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите.

-Македонија не е толку добра земја за да останат бегалците овде. Дај боже да е добра земја, тогаш ќе имаат аспирации да останат. Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието на граѓаните во пресрет на локалните избори и тоа го прават затоа што се исплашени дека ќе ги загубат и општините”, изјави Заев.

Иако ВМРО ДПМНЕ тврди дека не стои зад наводните граѓански акции за собирање потписи против изградба на наводни станови за мигранти и бегалци, партијата преку прес-конференции и трибини ги поттикнува граѓаните да веруваат дека Македонија повеќе нема да биде транзитна зона и на граѓаните им сугерира дека Владата на СДСМ и министерката Мила Царовска донеле стратегија за мигрантите, која предвидува изградба на станови, кампови и издавање на државјанства на бегалците.

На ВМРО-ДПМНЕ бегалците им се новата тиранска платформа

Она што ВМРО-ДПМНЕ не му го кажува на своето членство, е тоа дека иста ваква Национална стратегија за интегрирање на бегалците е донесена во 2008 година. Во дописот кој Министерството за транспорт и врски во 2011 година го испраќа до Владата, пишува дека Заедниците на локалната самоуправа ќе треба да дадат список на слободно градежно земјиште за изградба на овие станови.

Министерката Царовска во повеќе наврати го објасни значењето на овој документ.

„Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027’’ е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година, донесена од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт. Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците, и во минатото, и во бегалската криза од 2015/16 година. Kако земја членка на Обединетите Нации, нашата земја ќе им помогне на бегалците на нивниот пат кон крајните дестинации, согласно меѓународните стандарди и ратификуваната Конвенција за правата на бегалците од 1994 година“.

Екипата на НОВА ТВ пред две недели беше нападната пред Трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром каде што по претходно добиен повик од непознат број, граѓаните дојдоа да се потпишат. Пораката која им беше испратена на жителите на Аеродром и Ново Лисиче гласи: „Утре од 11 до 19 часот пред ТЦ Бисер да се потпишеме за петицијата против кампови за мигрантите во Општина Аеродром. ОК Аеродром и нашиот МК, се чекаме во 11 часот пред Бисер. Ве молам за масовност“.

Засега  во Македонија има 13 мигранти во ПТЦ Гевгелија, 27 мигранти во ПТЦ Табановце и 15 баратели на азил во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил.

локални избори Референдум за бегалци Стратегија за мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.