Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

0
By Нова ТВ on September 9, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 9, 2017 10:57

На полноќ истекува рокот за јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори 2017, закажани за 15 октомври.

Увидот се врши во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), како и електронски на апликацијата поставена на веб страната на Комисијата (www.sec.mk).

Според прегледот на Државната изборна комисија до 6 септември увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во земјава извршиле 20.081 граѓанин.

ДИК на прес-конференција на 5 септември објави дека дотогаш 148.538 граѓани ги провериле своите податоци електронски преку нивната веб страница.

Исто така, до овој датум само седум граѓани побарале бришење на податоците од Избирачкиот список, 14 побарале да бидат запишани во списокот, а 19 промена на податоците.

Според Роковникот на изборни дејствија на ДИК, во рок од пет дена по завршување на јавниот увид, Комисијата треба да го достави Избирачкиот список до политичките партии кои, пак во рок од пет дена треба да ги достават своите забелешки до ДИК.

По поднесените барања, ДИК одлучува во рок од три дена, а против решението на ДИК, политичките партии може да поднесат тужба до Управниот суд во рок до 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од приемот на тужбата.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 14 дена по завршениот јавен увид, односно најдоцна до 24 септември. Заклучениот избирачки список ДИК го потпишува најдоцна 15 дена пред денот на одржување на изборите.

Кампањата за локалните избори започнува на 25 септември и завршува на 13 октомври на полноќ. Локалните избори ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје во над 3.400 избирачки места.

гласачи Избирачки список јавен увид локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.