Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски државјани не побарале помош поради ураганот Ирма

0
By Нова ТВ on September 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 9, 2017 11:58

Министерството за надворешни работи, денеска информираше дека засега во Амбасадата на Македонија во Вашингтон не се обратиле за помош македонски граѓани засегнати од ураганот Ирма кој ги зафати Карибите и брегот на САД.

„Воедно, во комуникација сме и со Канцеларијата на странски мисии во Вашингтон и до денес немаме добиено информација за пријавени македонски државјани од погодените подрачја. Од социјалните мрежи дознавме дека има еден македонски државјанин на островот Ст. Мартин. Иако островот територијално припаѓа под јурисдикција на Франција и Кралството Холандија, поради географската близина сепак пробавме да стапиме во контакт уште во текот на вчерашниот ден (преку социјалните мрежи) но се уште немаме добиено одговор“, пишува во соопштението на МНР.

Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501.

Ураганот Ирма, кој го достигна петтиот степен на скалата Сафир Симпсон се упати синоќа кон северното крајбрежје на Куба на патот кон Флорида, оставајќи зад себе пустош на повеќе карипски острови и 21 жртва, а се очекува зголемување на бројот на загинатите со доаѓањето на екипите за спасување во најпогодените подрачја.

Шефот на американската Федерална агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) Брок Лонг изјави вчера дека американските власти подготвуваат опсежни мерки за реакција на ураганот Ирма, кој се очекува да ја погоди Флорида.

Тој предупреди дека некои делови од Флорида би можеле со денови да останат без електрична енергија, а можеби и подолго, како и дека на над 100.000 луѓе најверојатно ќе им треба засолниште.

Ирма македонски државјани Ураган Ирма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.