Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ирма се смирува: Флорида стравува од нов удар, Џорџија е следна

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 11, 2017 08:43

https://www.youtube.com/watch?v=mQQf6f3BBf0

Во раните утрински часови, ураганот Ирма кој ја зафати сојузната американска држава Флорида премина во ураган од прва категорија со ветрови од 85 км /ч.

Претседателот Доналд Трамп донесе одлука на Флорида да се прогласи состојба на природна катастрофа. Досега се потврдени 4 смртни случаи, од кои 2 се полицајци кои помагале.

Според Центарот за урагани соопшти дека во текот на денот се очекува ураганот да го продолжи својот пат кон Томасвил, Џорџија, а неговите ефекти ќе ги почувствуваат и жителите на Тенеси, Алабама, Џорџија и Јужна Каролина.

На Флорида околу 4 милиони луѓе се без струја.

По вчерашниот удар, најголемиот аеродром во Флорида се справува со последиците на ураганот-и не е јасно кога повторно ќе се појави.

Меѓународниот аеродром во Мајами ќе биде затворен денеска понеделникот, поради “значителни оштетувања”, според извршниот директор Емилио Гонзалес.

Ураганот Ирма, исто така, го принуди и забавниот парк Волт Дизни Ворлд да ги затвори вратите, што е шести пат во 45-годишната историја на овој комплекс.

Полицијата во округот Мајами-Дејдс, каде што е воведен полициски час, вели дека досега уапсиле 28 лица за кражби и грабежи.

Најмалку 1 милион луѓе ги напуштија своите домови во Флорида, додека останатите се сместени во 260 импровизирани засолништа.

МНР: Нема настрадани македонски државјани

Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД и досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во погодените подрачја од ураганот Ирма, соопшти вчера вечер Министерството за надворешни работи.

Претставници од македонската Амбасада во Вашингтон стапиле во контакт со македонската државјанка која престојувала во францускиот дел на островот Сент Мартин, а моментно е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот, се наведува во соопштението.

Се упатува апел за будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот Ирма се уште не е надмината.

Телефонските броеви за контакт со македонската Амбасада во Вашингтон, на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време, се: 202-390-7418 и 202-667-0501.

Ураган Ирма Флорида штети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.