НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кембриџ лани ја предупредил Владата дека во програмата има недостатоци

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кембриџ Интернешнал уште во 2016 година ја информирало Владата, односно тогашниот заменик министер за образование Спиро Ристовски дека е потребно повеќе време за да се реализира Кембриџ програмата за средните училишта. Ист таков допис од Кембриџ испратиле и до министерката Дескоска, откако таа стапила на функција. Ова денеска на прес-конференција по повод 100 дена работење го изјави Дескоска.

НОВА ТВ се обиде телефонски да го добие Ристовски, за да го прашаме, зошто и по предупредувањата од Кембриџ, дозволил да се имплементира оваа програма, но тој не одговараше на нашите повици.

„Во второто писмо Кембриџ Интернешнал“ укажува дека е потребно време од 18 месеци до две години и за адаптација на учебниците, а со оглед на тесните рокови во кои тоа се прави во Македонија, процесот содржи слабости. За жал во тој процес воден од претходната Влада, процес во кој биле игнорирани предупредувањата од самиот Кембриџ, штета им била нанесена и на учениците и на наставниците, но и на угледот на Кембриџ. За тоа кој имал корист од тоа, оставам јавноста да суди“, рече Дескоска.

Министерката исто така рече и дека во тек е процесот на ревизија на учебниците во основно и средно образование. За оваа цел, министерството направило онлајн прашалник кој е доставен до училиштата, со цел наставниците да го дадат своето мислење за квалитетот и потребата од промени на учебниците по кои предаваат. Рок за да го пополнат прашалникот наставниците имаат до 15 овој септември, а потоа како што најави министерката ќе се формираат групи кои ќе ги анализираат одговорите од наставниците.

Дескоска рече дека досега се повлечени два учебника, Граѓанско образование за осмо одделение и Општество за четврто одделени. За овие предмети Бирото за развој на образованието подготвува прирачници според кои наставниците ќе можат да предаваат.

Одговарајќи на новинарско прашање дека во некои училишта недостигаат учебници кои државата бесплатно треба да им ги дава на учениците, Дескоска рече дека „сите директори на училишта треба до министерството да достават список на број на учебници кои недостигаат“.

„Ова е малку покомплексна ситуација, затоа што освен барањата на директорите за учебници, до нас стигнаа и неколку фотографии на кои се гледа дека во некои училишта во затворени простории има купишта книги кои не им се доделени на учениците. Во една ситуација од директор на училиште побараа учебници повеќе отколку што имаат ученици. Дополнително ја анализираме оваа ситуација, за да најдеме решение кое нема да биде на штета на државниот буџет“, рече Дескоска.

Кембриџ Министерство за образование МОН Спиро Ристовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.