НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР ја започна набљудувачката мисија за локалните избори

0
By Нова ТВ on September 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување за локалните избори, закажани за 15 октомври.

Изборите во 80 општини и во Градот Скопје ќе ги следат 336 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

Амбасадорката Одри Гловер, шеф на мисијата, на денешната прес-конференција посочи дека 16 експерти на ОБСЕ/ОДИХР се веќе во земјава, а ним оваа недела ќе им се придружат уште 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја, во тимови по двајца, започнувајќи од 18 септември.

Пред локалните избори во Македонија ќе допатуваат уште 300 краткорочни набљудувачи кои ќе ги следат изборите во сите општини во земјата.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе ја оценува усогласеноста на овие избори со заложбите на ОБСЕ и со другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со домашните прописи.

Набљудувачите, како што истакна амбасадорката Гловер, внимателно ќе го следат процесот на регистрација на кандидатите и гласачите, кампањските активности, работата на изборната администрација и соодветните владини институции, изборната регулатива и нејзината имплементација и решавањето на изборните спорови.

На денот на изборите набљудувачите ќе го следат отворањето на глчасачките места, гласањето, пребројувањето на гласачките ливчиња и сумирањето на резултатите.

Мисијата ќе објави еден периодичен извештај во текот на својата работа, на денот на изборите, ќе биде дадена изјава за првичните наоди и заклучоци, додека конечниот извештај за набљудувањето ќе го објави околу осум недели по завршувањето на изборниот процес.

 

локални избори набљудување ОБСЕ/ОДИХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.