Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен расправаше за пресудата на Костовски, не кажаа кога ќе одлучат

2
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 12:43

Заврши седницата на Врховниот суд на која се рзговарало за барањето за заштита на законитоста односно за укинување на пресудата за свиркачот Ѕвонко Костовски, која Кривичниот суд ја донесе во февруари 2015.

Како што објаснија обвинителките од СЈО Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи барањето до Врховниот суд го упатиле затоа што сметаат дека пресудата е незаконита и треба да се укине. Од Врховниот суд не соопштија кога ќе биде донесена одлуката.

На денешната седница требаше да се расправа и за барањето за заштита на законитоста што СЈО го поднесе за предметот „Талир“, односно за замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ, но како што рекоа обвинителките, расправата за овој случај е одложена од технички причини и треба да продолжи в понеделник.

Костовски е еден од двајцата најпознати свиркачи во Македонија,  без кого никогаш немаше да се дознае дека поранешната власт прислушува пола милион граѓани.

Костовски, сега е единствен обвинет во случајот „Пуч“ што го отвори Јавното обвинителство под палка на поранешниот републички обвинител, Марко Зврлевски.

Костовски во тоа време вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање се товари дека по налог на Зоран Верушевски приклучувал броеви во опремата за прислушување, снимал, а потоа материјалите му ги предавал на Ѓорги Лазаревски (поранешен вработен во УБК, осомничен но ослободен од обвиненијата во овој случај) кој пак му ги давал на Верушевски (осомничен но ослободен од обвиненијата во овој случај).

Пресудата има неколку спорни моменти

Во пресудата која Кривичниот суд ја донесе на 25 февруари минатата година, а со која Костовски беше осуден на три години затвор пишува дека Костовски на барање на Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски внесувал броеви во системот за прислушување и заедно со оние кои легално биле наместени од МВР ги снимал и им ги предавал.

Меѓу лицата кои се наведени во пресудата дека Костовски ги приклучил за снимање пишува дека биле Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Антонио Милошоски, Бранко Црвенковски, Наташа Савова, Радмила Шеќеринска, Влатко Мијалков и Александра Мијалкова.

Но она што е нејасно во оваа пресуда е како Груевски бил приклучен за прислушување кога обвинителката Ленче Ристевска, одговарајќи на новинарско прашање кога СЈО ја презентираше истрагата за случајот „Таргет“ рече дека Никола Груевски во системот за снимање не бил обележан како таргет, односно неговиот телефон никогаш не бил обележан за слушање, а сите разговори кои јавноста ги слушаше се затоа што Груевски разговарал со лицата кои биле таргетирани за прислушување.

Ако се земе в предвид дека Ристовска во ноември минатата година изјави дека СЈО има податоци за злоупотреби на системот кои се случувале и во 2016 година се поставува прашањето кој ги правел злоупотребите кога Лазаревски и Костовски повеќе не биле вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање?

Костовски признал дека извршил дело кое не постои

Пресудата со која е осуден Костовски, кон крајот на минатата година пред Врховен суд ја осуди Специјалното јавно обвинителство.  Барањето за заштита на законитоста СЈО го поднело за да се поништи пресудата за Костовски која според СЈО е незаконска.

Адвокатот Филип Медарски вели дека пресудата која е донесена не ги исполнува законските основи затоа што ги нема елементарните кривични дела, а во образложението на пресудата нема никаков доказ, Исто така како што вели Медарски, не може Костовски како помагач на кривично дело да биде осуден, а за главните сторители да нема пресуда.

СЈО кон средината на јануари го повлече обвинението за „Пуч“ бидејќи обвинителниот акт за овој предмет кој бил целосно различен од доказите со кои располага СЈО за случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

 

 

Врховен суд Звонко Костовски пресудс СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.