Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Фејсбук ќе ги менува регулативите за политичко рекламирање

0
By Нова ТВ on September 22, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 22, 2017 13:15

Првиот човек на Фејсбук, Марк Зукерберг соопшти дека социјалната мрежа планира промени во политичкото рекламирање со цел истото да биде многу потранспарентно.

Неговата најава доаѓа со цел рекламирањето да не биде дел од владините регулативи, како што неодамна во САД побараа дел од Демократите.

Засега Фејсбук нема објавено повеќе детали за тоа какви промени планира да воведе, но во минатото, извршните луѓе на Фејсбук најавувале политики за рекламирање каде што кампањите би се третирале исто како и компаниските реклами.

Но тука произлегува дилемата за тоа како Фејсбук ќе одлучува што е политичко рекламирање а што не.

Некои политички пораки од типот на „Гласајте за кандидатот X“ се отворени и се лесно препознатливи, но други не. На пример рекламирањето за културата или за економијата може во себе да не содржат име на политичар, но притоа да имаат влијание при избори.

Зукерберг на ова се надоврзува, тврдејќи дека транспарентноста ќе излезе на виделина бидејќи ќе се бара јавно да се знае кој е спонзорот на објавата.

„Не само што ќе треба да се каже кој плаќа за рекламата, туку корисниците ќе имаат шанса да ја отворат страната на оној кој плаќа и да има увид какви други објави истиот  испраќа до публиката“, објаснува Зукерберг.

Воедно како што вели тој, Фејсбук ќе ја зацврсти и ревизијата за политичкото рекламирање.

Ваквата објава од Зукерберг и извршните луѓе во една од најпопуларните социјални мрежи, доаѓа и по најавите на неколку влади дека планираат државни регулативи за политичкото рекламирање на Интернет.

Досега политичкото рекламирање на Интернет и социјалните мрежи не било регулирано како што е рекламриањето на ТВ или радио, бидејќи за Интернет е многу потешко да се креираат регулативи ако се знае дека е отворена мрежа.

Во САД, креаторите на законите јавно побараа стандарди за рекламирање на Интернет.

„Ја охрабруваме Федералната изборна комисија итно да постапи по заканите од странски социјални мрежи врз демократските процеси и да воведе правилник за тоа како платформите за рекламирање да не бидат под влијание на странски фактори кои би имале влијание врз изборите во САД“, се вели во писмото од Демократите во американскиот Сенат објавено во средата.

Ваквата кампања се почесто е во фокусот на јавноста по изборот на Доналд Трамп за претседаел на САД, каде што Демократите ги обвинија Републиканците дека преку руски фактор влијаеле на изборот на гласачите за кандидатите Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

Марк Зукерберг политичко рекламирање регулативи Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.