Белата куќа ги отфрли како апсурдни обвинувањата на Пјонгјанг според кои американскиот претседател Доналд Трамп и објавил војна на Северна Кореја.
-Не сме и објавиле војна на Северна Кореја и таквите наводи се апсурдни, рече портпаролката Сара Хакаби Сандерс.
Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо претходно изјави дека Трамп и објавил војна на неговата земја и се закани дека ќе бидат соборени американски авиони ако и се приближат на Северна Кореја.