Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен не дозволи „бомбите“ да се доказ во Тендери,Топлик и Тортура

3
By Нова ТВ on September 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 27, 2017 12:50

Кривичниот суд на барање на одбраната ги одби телефонските разговори, односно, „бомбите“ како докази во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“, за коишто Специјалното јавно обвинителство поднесе обвиненија.

За барањето на одбраната телефонските разговори да се издвојат од списите на предметот како доказ прибавен на незаконски начин одлучуваше Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во случајот „Тендери“ обвинета е министерката за култура за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.

За случајот „Топлик“ осомничени се шест лица од Министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“. „Тортура“ се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работ, Љубе Бошкоски.

Против овие неправосилни решенија, дозволено е право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

Апелација минатата недела ги прифати „бомбите“ како доказ за случајот „Триста“, а на 4 август и за „Шамарите во Центар“.

Во случајот „Триста“ се работи за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошник министер во Министерството за внатрешни работи, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила.

Во случајот „Шамарите во Центар“  Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и уште 11 лица се обвинети за насилството во општина Центар откако на изборите во 2013 победи Андреј Жерновски.

Во „бомбите“ што ги објавуваше премиерот Зоран Заев, како лидер на опозицијата, објавен беше разговор во кој тогашниот премиер Никола Груевски нарачува некој да му „врзе три-четири шамари“ на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

"Топлик" бомби докази Кривичен суд тендери Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.