Советот за утврдување на факти поднел кривична пријава против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.
Советот на 13 септември информираше дека Вангеловски не и дозволи на Комисијата при Советот за утврдување на факти да влезе во судот за да направи увид во списите на предметите „Таргет“ и „Тврдина“.
Вангеловски не дозволува увид во предметите „Тврдина“ и „Таргет“
Претседател на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, Сашо Поцевски, потсетува дека иако на 6 септември го известиле претседателот на Врховен дека на 13 септември во 11 часот ќе го посетат судот, судската полиција не им дозволила да влезе во судот, со образложение дека Вангеловски наредил да ни ги пуштаат во судската зграда.
-Кој ќе сноси кривична одговорност за незаконито постапување, ќе покаже времето. Не сметам за потребно да коментирам постапки на орган за кој му претстои еутаназија, изјави Вангеловски.