Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оставки од блиските на Рашковски за кои беше обвинет за непотизам

2
By Нова ТВ on September 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 28, 2017 17:08

Адвокатот Костиќ го раскина договорот со Генералниот секретаријат на Владата, тештата на Рашковски се повлече од Комисијата за жалби во Централниот регистар, а хонорарот од Телеком Рашковски го донирал во хуманитарни цели, велат за НОВА ТВ владини извори. Овие одлуки доаѓаат откако ВМРО-ДПМНЕ и медиумите го обвинија владиниот генерален секретар, Драги Рашковски, за непотизам и судир на интереси.

Адвокатското друштво Костиќ, Велковски и Цветаноска, кое беше ангажирано од Генералниот секретаријат за правни услуги денеска го раскинало договорот. Адвокатот Костиќ, како причина за раскинување на договорот навел дека овој ангажман од Владата му нанел штета на угледот на неговата фирма и лично на генералниот секретар, Драги Рашковски.

„Во однос на обвинувањата за непостички однос во склучување на Договорот, навистина жалиме за изнесените невистини кои вам ви предизвикаа непријатност. Ве информираме дека веќе имаме поднесено тужби за клевета против сите говорници кои држеа прес конференции од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа до вас го поднесуваме овој предлог за спогодбено раскинување на договорот за соработка. Сметаме дека нема ниаков проблем во однос на тоа, со оглед на фактот дека досега немаме наплатено никакво побарување и немаме ненаплатени побарувања“, пишува во дописот од Костиќ до Рашковски.

  кликнете на документите за поголема верзија

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Рашковски за непотизам, бидејќи тој и адвокатот Костиќ се долгогодишни пријатели. А, НОВА ТВ откри дека адвокатското друштво било формирано пред неполни два месеца, на 27. јули годинава, а по само неколку дена било ангажирано од повеќе  државни институции за адвокатски услуги.

Сепак, од Владата велат дека Костиќ и покрај тоа што имал склучено договор со Генералниот секретаријат, адвокатот оттаму нема земено ни денар, бидејќи од Владата досега не бил ангажиран ниту за една услуга.

Освен раскинувањето на договорот со адвокатското друштво, од функцијата се повлекла и мајката на сопругата на Рашковски, Елена Начевска, која како што објави НОВА ТВ, со одлука на Владата беше именувана за претседател на Комисија во Централниот регистар. Таа својата оставка ја депонирала во понеделникот.

Комисијата, за чиј претседател беше именувана Начевска, е второстепена Комисија која постапува по жалби во Централниот регистар. Назначувањето на Начевска за член на Комисијата, од Владата го правдаа со фактот дека таа работи во Основниот суд Скопје 20 години, а за овој дополнителен ангажман не следувало хонорар.

Последната афера врзана со генералниот секретар Рашковски, беше неговото именување за владин претставник на Собранието на акционери на Телеком за чиј ангажман му следува хонорар од 500 евра по седница. Телеком свикува собрание еднаш годишно, а по неодамна одржаната седница хонорарот кој го добил оттаму Рашковски го донирал за лекување на дете болно од леукемија.

Драги Рашковски на позицијата генерален секретар на Владата дојде од Правниот факултет „Јустинијан Први“ каде беше вработен како професор. Тој има три магистратури и два докторати на тема „Остварување на формите на непосредна демократија со помош на информатичката технологија“ и „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација.

Функцијата генерален секретар ја добива како близок пријател со премиерот Зоран Заев и човек од негова доверба.

Влада генерален секретар Дејан Костиќ Драги Рашковски непотизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.