НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На тапет во ФИФА: Албанија казнета со 30,000 франци, Македонија со пет

0
By Нова ТВ on October 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја казни Албанија со 30,000 швајцарски франци за некоректно однесување на нејзините навивачи за време на натпреварот против Македонија во Струмица во квалификациите за СП 2018. Покрај скандирања со политичка содржина, групата од околу 300 гостински фанови на трибините на стадионот„Младост“ употреби и пиротехнички средства што предизвика доцнење на почеток на полувреме. Освен паричната казна, фудбалскиот сојуз на западниот сосед доби и опомена од ФИФА.

Парична казна и опомена и за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сумата е за шест пати помала од албанската (5,000 евра), причината иста. Некоректно однесување меѓу дел од домашните фанови.

За Албанија ова е седма парична казна од ФИФА и шеста опомена во осумте настапи на нејзината фудбалска репрезентација во мундијалскиот циклус за Русија. Недоличното однесување на албанските навивачи против Македонија во Скадар ја чинеа Федерацијата 50,000 франци, против Шпанија и против Лихтенштајн по нови 25,000 франци, против Израел – 10,000 франци, против Италија – 100,000 франци за првиот меч и уште 5,000 франци во реваншот или вкупно 215,000 франци на име казна за поведенијата на т.н. „12 играч“ во фудбалот.

Македонија, пак, по петти пат се најде на дисциплински тапет во ФИФА. Првиот пат (Скадар) мина само со опомена, за останатите четири меча беше одредена вкупна казна од 22,500 швајцарски франци од кои 5,000 отпаѓаат при гостувањето на „азурите“ во Скопје, потоа 7,500 франци при гостувањето на „црвената фурија“, во мечот со Албанија – 5,000 франци и уште толку за време на дуелот со Лихтенштајн во Вадуц. Сето тоа како последица на однос на навивачите.

Албанија Дисциплинска комисија квалификации за СП 2018 Македонија ФИФА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.