НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министрите за надворешни од јужниот дел на Балканот на средба во Солун

0
By Нова ТВ on October 4, 2017 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Безбедносната соработка, прекуграничната соработка, енергетското поврзување, се дел од темите на кои ќе се осврнат министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, Никола Димитров, Никос Коѕиас, Дитмир Бушати и Екатерина Захариева, на квадрилатералната средба денеска и утре во Солун.

Средбата се одржува на иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас.

Ова е втора средба во ваков формат, во рамки на напорите на грчката дипломатија за зајакнување на регионалната стабилност и трансграничната соработка меѓу соседните земји од јужниот дел на Балканот. Настанот ќе биде со поширок дневен ред и претставува продолжение на неодамнешните контакти на Коѕијас со неговите колеги од овие три земји за време на Генералното собрание на ОН од 18 до 22 септември во Њујорк.

Целта на дипломатската средба е да биде потврдена институционалната соработка меѓу четирите земји, кои треба да решаваат безбедносни прашања и да се борат против екстремизмот, тероризмот и радикализација. Истовремено, овие земји беа соочени и со голема бегалска и мигрантска криза, чии последици се уште ги чувствуваат.

Поради тоа, министрите ќе ги разгледаат можностите за подготвување заедничка позиција при решавање на тие прашања врз основа на европските вредности и добрососедските односи.

Во делегациите се вклучени и министрите за внатрешни работи и за енергетика, односно економија на четирите земји.

Димитров претходно оваа недела изјави дека не очекува оти земјите од регионот, поточно Албанија и Бугарија, ќе бидат посредници во решавањето на спорот за името со Грција. Тој посочи дека спорот е билатрално прашање и оти ќе се решава меѓу двете земји со посредство на Обединетите нации, односно нивниот медијатор Метју Нимиц.

Тој истакна дека очекува на маргините на квадрилатералната средба да има и билатералка со Коѕиас.

Работниот дел од средбата ќе се одржи утре, а состанокот ќе го отвори министерот за надворешни работи на Грција, Коѕијас. Следуваат поединечни состаноци на министрите за внатрешни работи, министрите за енергетика, а од кај нас министерот за економија, а потоа и на министрите за надворешни работи.

Димитров Коѕиас министри за надворешни од Балакнот Солун средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.