НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Постојат индиции дека во Кривичниот суд имало паралелен АКМИС систем

1
By Нова ТВ on October 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во дебата на „360 Степени“, заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, зборуваше за посетата на Комисијата од Министерството за правда на Кривичниот суд и проверката на функционирањето на АКМИС системот и нејзиното совпаѓање со претресот на СЈО.

– Колку што јас знам, тоа е потполно случајно, терминот на комисијата беше закажан, мислам уште претходната недела, ние немавме никакви сознанија дека ќе се случува нешто од тој тип – рече Ристовски.

Запрашан за првичните сознанија од посетата, тој рече дека комисијата уште неколку дена ќе продолжи со работа по што ќе изготви извештај.

-До мене дојдоа такви гласини. Гласините дојдоа од претходно, пред воопшто да вршиме увид во АКМИС системот во Кривичниот суд, но и по вчерашниот увид.

– Има гласини дека наводно на прва има индиции за злоупотреби на системот, наводно дури и за постење на паралелен систем со АКМИС-от за управување со предметите. Сте го чуле тоа?

– Да, и до мене дојдоа такви гласини.

– По вчерашниот увид е ова што сте го чуле или генерално и претходно?

– Имаше и претходно, меѓутоа и по вчерашниот увид.

Ристовски рече дека комисијата ќе излезе со извештај веднаш откако ќе завршат со проверките, и истиот јавно ќе го објави.

Комисијата од Министерството за правда завчера вршеше ревизија на Автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во скопскиот Кривичниот суд.

Судијата Лазар Нанев, кој е назначен за претседател на Комисијата од Министерството за правда, по излегување од Судот изјави дека треба да ја утврдат состојбата со распределувањето на предмети кај одредени судии.

– Од министерот за правда беше донесено решение за формирање Комисија врз основа на забелешките коишто беа доставени од Рајнхард Прибе. Работната група започна со работа и има обврска да констатира одредени состојби. Ќе продолжиме со работа, а за тоа што ќе го констатираме, ќе биде времено известена јавноста од страна на Министерството за правда, бидејќи станува збор за постапување согласно судскиот деловник. Што ќе се случи понатаму ќе одлучи Министерството, бидејќи тоа врши надзор и контрола на функционалностите, одржливоста на ИТ-технологијата во судовите – рече Нанев.

Во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот.

Како може да се изигра системот за распределба на предмети во судовите

 

АКМИС Владимир Панчевски Кривичен суд СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.